Бруклин Бекам им го скрши срцето на Викторија и Дејвид – им кажал дека не сака никаков контакт со нив
- Детали
- среда, 11 јуни 2025
Драмата кај Бекамови не престанува – нови извори тврдат дека Бруклин му кажал на семејството дека не сака да има контакт со нив и дека нема да одговара на обиди да го контактираат. Тој се фотографираше на роденден кај братот на саканата, иако не присуствуваше на јубилејот на татко му, а за неговото витешко одликување дознал од медиумите.

Семејната драма на Викторија и Дејвид Бекам со синот Бруклин и снаата Никола Пелц, будно се следи во светските медиуми.
Нивниот најстар син значително се оддалечи во последниов период и се шпекулира дека сопругата Никола го влече настрана од неговото семејство.

Извори блиски до Бекамови постојано анонимно даваат информации за британските медиуми, во кои откриваат какви се односите помеѓу нив и што точно се случува.
Прочитајте и Детали за драмата кај Бекамови: Никола му забранува на Бруклин да ги гледа родителите, тие ја споредуваат со Меган Маркл

Неодамна, беше објавено дека Дејвид ќе биде одликуван со витешка титула на роденденот на кралот Чарлс и ќе биде прогласен за „Сер“, додека пак неговата сопруга ќе ја носи титулата „Лејди“ Бекам.

Изворите тврдат дека Бруклин оваа информација ја дознал од медиумите, исто како и сите останати „обични“ луѓе.
Наводно, неговите блиски пријатели споделиле дека тој е среќен за кралската почест која ќе ја има неговиот татко, но не комуницирал за ова со него, ниту со некој друг од фамилијата.

PageSix објави ексклузивни информации дека наводно, причината е тоа што Бруклин побарал да нема контакт со родителите.
„Бруклин му кажа на семејството дека не сака контакт со нив и дека нема да одговара на нивните обиди да го контактираат“.

Сепак, друг извор близок до Бруклин, го демантирал ова и само изјавил дека „Фокусот на сите треба да биде на големото кралско одликување на Дејвид Бекам“.
Минатиот месец, најстариот син на Дејвид и Викторија го пропушти роденденот на татко му, наводно затоа што не сакал да биде во иста просторија со Ромео и неговата тогашна девојка.
Прочитајте повеќе Ромео Бекам раскина со девојката која му е бивша на брат му Бруклин: Дали таа ја почна семејната драма?

Сега пак, тој повторно предизвика лавина реакции, откако Никола објави фотки од нив двајца на роденденот на нејзиниот брат.
Тие се држат за рака, позираат со славеникот и се забавуваат во локал во Лос Анџелес, а фановите коментираат дека тоа е уште еден доказ дека тој се зближува повеќе со нејзиното семејство, додека се оддалечува од сопственото, откако го избегна роденденот на татко му.


Прочитајте и Нова драма кај Бекамови: Викторија ја расплакала Никола Пелц на свадбата – ѝ го украла вниманието на снаата
М. М. | Црнобело
