Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Ромео Бекам раскина со девојката која му е бивша на брат му Бруклин: Дали таа ја почна семејната драма?

По седум месеци, Ромео Бекам стави крај на врската со Ким, која му е бивша девојка на брат му Бруклин. Според некои извори, Бруклин се оддалечил од семејството токму поради неа – почнал да ги избегнува семејните настани бидејќи неговата сопруга Никола Пелц не ја поднесувала.

romeo-bekam-raskina-so-devojkata-koja-mu-e-bivsha-na-brat-mu-bruklin-dali-taa-ja-pochna-semejnata-drama-01.jpg

Ромео Бекам пред околу седум месеци почна врска со Ким Турнбул која, пак, пред неколку години имала кратка врска со брат му Бруклин.

Во периодот кога се дозна за новата девојка на Ромео, Бруклин го залади односот со целото семејство, па се шпекулираше дека токму таа е причината за раздорот.

Драмата меѓу Бруклин, неговата сопруга и неговите родители постојано ескалира и наводно Ким не била виновникот. Но, сега Ромео сепак решил да стави крај на врската со неа.

romeo-bekam-raskina-so-devojkata-koja-mu-e-bivsha-na-brat-mu-bruklin-dali-taa-ja-pochna-semejnata-drama-04.JPG

Врската на Ромео и Ким делуваше сериозно бидејќи младата девојка присуствуваше на семејните настани на Бекамови, вклучително и прославите за 50-тиот роденден на Дејвид.

Но, околу овој период, однос меѓу низ се заладил.

Извори блиски до парот, пак, стојат на ставот дека нивната разделба нема никаква врска со Бруклин или неговата сопруга.

romeo-bekam-raskina-so-devojkata-koja-mu-e-bivsha-na-brat-mu-bruklin-dali-taa-ja-pochna-semejnata-drama-03.JPG

„Ромео и Ким се млади и заедно им беше одлично, но на нивна возраст врските не секогаш остануваат, па одлучија да се разделат. Во пријателски однос се оттогаш и заедно присуствуваа не некои настани.

Тажно е, особено за Дејвид и Викторија бидејќи навистина ја сакаа Ким и сметаа дека го усреќува Ромео, но не им било судено. Се разделија пред неколку недели и останаа во пријателски однос оттогаш.

Дејвид и Викторија не сакаат светот да мисли дека се разделија поради Бруклин и Никола бидејќи тоа не е точно. Вистината е дека Ким е многу зафатена поради кариерата како диџеј, а и Ромео има натрупан распоред. И двајцата патуваат многу, па не можат да имаат стабилна врска“.

romeo-bekam-raskina-so-devojkata-koja-mu-e-bivsha-na-brat-mu-bruklin-dali-taa-ja-pochna-semejnata-drama-6.JPG

26-годишната Ким се сметаше за виновник во караницата на Бекамови, бидејќи како бивша на Бруклин, Никола Пелц не можела да ја поднесува.

Па, штом на некој семеен настан присуствувала Ким, Никола, а со тоа и Бруклин, не сакале да одат.

Сепак, во периодот кога се ширеа овие гласини, извори блиски до Бекамови тврдеа дека нема друг виновник освен самата Никола и наводно таа го оддалечувала Бруклин од семејството.

romeo-bekam-raskina-so-devojkata-koja-mu-e-bivsha-na-brat-mu-bruklin-dali-taa-ja-pochna-semejnata-drama-05.JPG

„Изгледа дека Никола не сака Бруклин да минува воопшто време со Бекамови, па ја користи Ким како изговор за да му забрани да го види семејството. Таа негира, но Никола го контролира Бруклин уште од нивната свадба.

На семејството, вклучително и браќата на Бруклин, им е преку глава. Ова е приказната што таа сака да им ја продаде на медиумите – дека Ромео е во врска со бивша девојка на брат му. И, ова е навистина чудно.

Сепак, ништо од ова не е точно. Ромео и неговите родители се разочарани бидејќи Никола ја користи Ким за да започне караница“.

Прочитајте повеќе: Детали за драмата кај Бекамови: Никола му забранува на Бруклин да ги гледа родителите, тие ја споредуваат со Меган Маркл

romeo-bekam-raskina-so-devojkata-koja-mu-e-bivsha-na-brat-mu-bruklin-dali-taa-ja-pochna-semejnata-drama-02.JPG

За тоа дали Ким навистина му била девојка на Бруклин, изворите се поделени – некои велат дека имале кратка романса што не значела ништо, додека други тврдат дека само биле многу блиски пријатели, а потоа се оддалечиле.

Прочитајте и: Семејна драма кај Бекамови: Бруклин не зборува со Ромео бидејќи е во врска со негова бивша девојка

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Семејна драма кај Бекамови: Бруклин не зборува со Ромео бидејќи е во врска со негова бивша девојка Новата девојка на Ромео Бекам – Ким – е бивша на брат му Бруклин. Иако Бруклин е...
Абортус, изгубена невиност со постара жена - Најголемите скандали што славните ги открија во своите ... Парис Хилтон била силувана од постар маж во осмо одделение, Лиза Мари Присли рас...
Љубовни триаголници: Како пријателите во Холивуд си ги „крадат“ партнерите? По разводот со Том Круз, Кејти Холмс почна врска со Џејми Фокс кој му беше добар...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Меган Фокс се породи - Доби ќерка со Машин Ган Кели, среде љубовните драми и неговите контакти со др... Машин Ган Кели објави видео како со налакирани, излупени нокти ја гали новороден...
Шон Пен и новата 34 години помлада девојка критикувани од јавноста: „Одвратно, некои би направиле сè... Новата девојка на Шон Пен е помлада од неговите деца, а поради фотките на кои ст...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg