Детали за драмата кај Бекамови: Никола му забранува на Бруклин да ги гледа родителите, тие ја споредуваат со Меган Маркл

Според извори блиски до Бекамови, Никола Пелц е главниот виновник за влошениот однос на Бруклин и родителите – таа го оддалечила од нив, но и од сите пријатели. Дејвид и Викторија ја споделувале и со Меган Маркл, која го оддалечи принцот Хари од кралското семејство.

detali-za-dramata-kaj-bekamovi-nikola-mu-zabranuva-na-bruklin-da-gi-gleda-roditelite-tie-ja-sporeduvaat-so-megan-markl-01.jpg

Веќе извесен период е очигледно дека Бруклин Бекам не е во добар однос со неговите родители, а одлучи да го пропушти и 50-тиот роденден на татко му.

Првично се шпекулираше дека причината за раздорот меѓу семејството е новата девојка на брат му Ромео. Имено, тој бил во врска со девојка која му е бивша на Бруклин.

detali-za-dramata-kaj-bekamovi-nikola-mu-zabranuva-na-bruklin-da-gi-gleda-roditelite-tie-ja-sporeduvaat-so-megan-markl-4.JPG

Сепак, сега некои извори тврдат дека сопругата на Бруклин – Никола Пелц – е најголемиот виновник во целата драма и дека токму таа го оддалечува од семејството.

Бруклин и Никола планирале да одат на Мет гала во Њујорк, но минатата недела сепак беа во Лондон, каде што Дејвид го славеше роденденот.

detali-za-dramata-kaj-bekamovi-nikola-mu-zabranuva-na-bruklin-da-gi-gleda-roditelite-tie-ja-sporeduvaat-so-megan-markl-10.JPG

Но, не се појавија ни на роденденот, ниту, пак, на Мет гала во понеделникот (05.05).

„Бекамови знаеја дека Бруклин сака да оди на Мет гала, но тоа што беше во Лондон и сепак не отиде на роденденот го повреди Дејвид.

Бруклин и Никола се немаат појавено на ниту еден семеен настан, но сепак сакаа да одат на Мет гала, каде што не познаваат никого“.

Дејвид и Викторија биле уште поповредени бидејќи минатата недела, кога беа роденденските прослави, Бруклин и Никола си споделувале фотки од нивната хотелска соба во Лондон.

detali-za-dramata-kaj-bekamovi-nikola-mu-zabranuva-na-bruklin-da-gi-gleda-roditelite-tie-ja-sporeduvaat-so-megan-markl-05.JPG

Сепак, и Дејвид и Викторија не го обвинувале Бруклин, туку го впериле прстот кон Никола и „нејзиното лошо влијание“.

„Никола и Дејвид ќе направат сè за да си го вратат синот, но и на двајцата им е преку глава од Никола. Никола секогаш наоѓа начин да почне караница, а потоа го тера Бруклин да не зборува со неговото семејство и тој не се појавува на семејните настани.

И претходно го правеше ова, на секој семеен настан по нивната свадба. Што се однесува до роденденот на Дејвид, изгледа како да се случува истото. Бруклин мисли дека ќе оди да си го види семејство и ќе направи план.

Тој всушност им кажа на Бекамови дека ќе дојде на роденденот. Но, потоа, Никола ќе предизвика конфликт, ситуацијата ќе ескалира, па за Бруклин е невозможно да отиде.

Изгледа како многу да го контролира. Бекамови се сигурни дека ова се случило и за роденденот. И, вакви работи се случуваат трипати неделно“, вели извор близок до семејството.

Погледнете и: Том Круз „мртов пијан“, Бруклин не дојде: Како поминаа прославите за 50-тиот роденден на Дејвид Бекам? (фото)

detali-za-dramata-kaj-bekamovi-nikola-mu-zabranuva-na-bruklin-da-gi-gleda-roditelite-tie-ja-sporeduvaat-so-megan-markl-09.JPG

Изворот додава дека Бруклин не знае како да ѝ се спротивстави на Никола, а во меѓувреме, други извори блиски до семејството велат дека сите почнале да ја споредуваат Никола со Меган Маркл.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Брчки, подбрадок: Како изгледаат лицата на славните на Мет гала 2026, без Фотошоп и филтри? Без Фотошоп и бројни филтри, Крис Џенер сепак не изгледа како жена со 40-тина го...
Бруклин Бекам им го скрши срцето на Викторија и Дејвид – им кажал дека не сака никаков контакт со ни... Драмата кај Бекамови не престанува – нови извори тврдат дека Бруклин му кажал на...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
Бруклин Бекам прозборе за семејната драма, откако се посрамоти на голф натпревар: „Имам прекрасна со... По голф натпревар на кој беше критикуван дека „нема никаков талент“, Бруклин Бек...
Меган Маркл за првпат се појави на Модната недела во Париз и стилски издоминира Со елеганција како принцезата Дијана и лице речиси без шминка, Меган Маркл издом...
„Парада на кретени“, „матурска за славни“: Познати личности кои ја презираат Мет галата (но не ја од... „Нема да одам никогаш повеќе! Мислев дека ќе биде гламурозно и убаво, но само бе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg