Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Том Круз „мртов пијан“, Бруклин не дојде: Како поминаа прославите за 50-тиот роденден на Дејвид Бекам? (фото)

По роденденското патување во Франција, Дејвид организираше забава во ресторан во Лондон каде присуствуваа некои од најпознатите луѓе во светот. Следниот ден, тој прослави со најблиското семејство, но без син му Бруклин кој ги пропушти сите настани по повод 50-тиот роденден на фудбалерот и покажа дека навистина не е во добри односи со семејството.

tom-kruz-mrtov-pijan-bruklin-ne-dojde-kako-pominaa-proslavite-za-50-tiot-rodenden-na-dejvid-bekam-foto-01.jpg

На 2-ри мај, Дејвид Бекам наполни 50 години, но почна со прослави уште минатиот месец, главно со семејството.

Викендов, пак, со Викторија организираа огромна забава на која присуствуваа некои од најпознатите личности во светот.

Уште минатата недела, Викторија го однесе Дејвид во неговата омилена винарија во Франција, а во саботата прославија во луксузен ресторан во Лондон.

Прочитајте и: Викторија Бекам на крстарење со новата снаа: „Загрижена е бидејќи е 9 години постара од син ѝ Круз“

tom-kruz-mrtov-pijan-bruklin-ne-dojde-kako-pominaa-proslavite-za-50-tiot-rodenden-na-dejvid-bekam-foto07.JPG

Меѓу присутните беа готвачот Гордон Ремзи неговата сопруга, Ева Лонгорија со сопругот, но и Том Круз кој се појави со Ана де Армас за која се шпекулира дека му е девојка.

tom-kruz-mrtov-pijan-bruklin-ne-dojde-kako-pominaa-proslavite-za-50-tiot-rodenden-na-dejvid-bekam-foto-02.JPG

А, се чини Том малку претерал со алкохол – беше фотографиран во пијано издание додека пробува да се скрие со Ана откако ја напуштија забавата.

Наводно, прославата во саботата траела до утринските часови, а била прекината бидејќи соседите почнале да се жалат за вревата.

tom-kruz-mrtov-pijan-bruklin-ne-dojde-kako-pominaa-proslavite-za-50-tiot-rodenden-na-dejvid-bekam-foto-03.JPG

tom-kruz-mrtov-pijan-bruklin-ne-dojde-kako-pominaa-proslavite-za-50-tiot-rodenden-na-dejvid-bekam-foto-04.JPG

И покрај многуте гости, на прославата не присуствуваше Бруклин Бекам кој периодов наводно го заладил односот со семејството.

Впрочем, Бруклин и сопругата Никола не присуствуваа на ниту една од прославите по повод роденденот на фудбалерот.

Но затоа, пак, помалиот син на Бекамови, Ромео истапил и одржал емотивен говор.

Не е познато што точно кажал Ромео, но наводно го пофалил татко му истакнувајќи дека тој му е најголемиот идол.

tom-kruz-mrtov-pijan-bruklin-ne-dojde-kako-pominaa-proslavite-za-50-tiot-rodenden-na-dejvid-bekam-foto-06.JPG

Во неделата, Бекамови продолжија со славењето, но овој пат само во кругот на семејството.

На Инстаграм, Викторија сподели и семејна фотка, но без Бруклин.

Таа сподели и други фотки од прославите од целата недела, како хотелската соба во Франција и вечерата со најблиското семејство.

Дејвид, пак, споредил објава со која се присетува на неговата кариера.

„Гледам наназад на некои од моите омилени фудбалски моменти, како што полнам 50…

Ја запознав мојата сопруга на натпревар на United, склопив доживотни пријателства на Академијата и играв со некои од најдобрите тимови во светот. Моите деца стигнаа далеку на ова посебно патување со мене…“, пишува меѓу другото во описот.

Емотивен за јубилејниот роденден, Дејвид сподели уште една објава во која им се заблагодарува на саканите.

„Како што размислувам на овој роденден, благодарен сум за многу нешта во мојот живот – тимовите за коишто играв, моите соиграчи, менаџери, фановите, мојата земја, децата што ги запознав низ разни добротворни организации, мојот тим во бизнисот и пријателите што ги имам околу мене и се чувствувам благословено.

Моето најголемо достигнување секогаш ќе биде моето семејство, и моите мајка и татко кои жртвуваа многу за јас да си го исполнам сонот да станам фудбалер. Моите сестри кои мораа да го следат брат им и на студено време за да го гледаат како игра фудбал и моите прекрасни баба и дедо.

Мојата сопруга и најдобра пријателска веќе 28 години и моите убави деца Бруклин, Ромео, Круз и Харпер – вие сте причината зошто секој ден станувам од кревет и ви благодарам што ме правите подобар човек“.

Повеќе фотки од прославите на Бекам:

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Семејна драма кај Бекамови: Бруклин не зборува со Ромео бидејќи е во врска со негова бивша девојка Новата девојка на Ромео Бекам – Ким – е бивша на брат му Бруклин. Иако Бруклин е...
Должела над 40 милиони, Дејвид ѝ позајмува пари: Како модниот бренд на Викторија Бекам избегнува бан... Викторија Бекам го лансира нејзиниот моден бренд во 2008 година, а првпат пријав...
Која е девојката што Дејвид Бекам ја откачи заради Викторија – Денес е омажена за негов пријател и с... Кога Дејвид ја видел Викторија веднаш се вљубил и ја „откачил“ девојката со која...
6 години ја криеја врската, се венчаа дури откако добија деца: Љубовната приказна на Двејн Џонсон и ... Бракот на Двејн Џонсон и сопругата Лорен важи за еден од најстабилните во Холиву...
„Бекамови се очајни за слава на нивните деца“ – Ромео критикуван што смени 3 професии како брат му „Требаше да биде тенисер, се откажа и од фудбалот – можеби на крај ќе прави сенд...
Нови гласини за аферите на Дејвид Бекам: „Гледа во други жени и кога е со Викторија, ѝ ја уништи сам... Кратко пред да ја прослават 25-тата годишнина, Дејвид и Викторија Бекам се соочу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg