Детали за драмата кај Бекамови: Никола му забранува на Бруклин да ги гледа родителите, тие ја споредуваат со Меган Маркл
Како што Меган Маркл го оддалечи принцот Хари од кралското семејство, сега Никола му го правела истото на Бруклин.
„Бруклин не зборува со неговото семејство, ниту со старите пријатели. Сличноста е премногу голема. И Никола и меган се од Америка, а и двете се малку постари од нивните сопрузи“.
Наводно, и луѓето кои се дружеле со Никола и Бруклин веќе забележувале дека богатата наследничка се однесува лошо и го контролира.
Со текот на времето, таа го натерала да се оддалечи и од пријателите. Имено, тој беше близок со синот на Гордон Ремзи, како и синот на Мадона и Гај Ричи. Но, веќе не се дружел со нив и ова било поради Никола.
„Бруклин многу сакаше да излегува со пријателите. Имаше одличен социјален живот. Но, сега сите се загрижени, многу е променет. Никола секогаш е приоритет и најважно е што таа сака.
Дејвид и Викторија се особено загрижени за нивната врска. Тие сакат Бруклин да биде среќен и можеби е, но неговото семејство е загрижено“, вели друг извор.
Дејвид и Викторија навистина се труделе да го подобрат односот со снаата, па честопати ја поддржуваат и во јавност.
„Сето ова не вроди со ништо. Пробуваа и пробуваа, но сега ставија крај“.
Иако семејството на Никола е многу побогато од Бекамови, факт е дека тие се многу попознати.
И, блиските се сомневале дека Никола го искористила Бруклин само за слава.
„Бекамови се многу попознати. Не постои семејство од светот на шоу-бизнисот кое е познато колку нив.
Тоа што Бруклин си го смени презимето на Инстаграм ѝ се допаѓа на Никола – ја става во центарот на вниманието“.
Засега ни Бекамови, ни Бруклин и Никола се немаат огласено за сите шпекулации.
Прочитајте и: Не ја поднесувала Викторија, го молела татко ѝ да не ја откаже свадбата – Мрачните тајни на Никола Пелц Бекам
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





