Меган Маркл за првпат се појави на Модната недела во Париз и стилски издоминира
- Детали
- недела, 05 октомври 2025
Со елеганција како принцезата Дијана и лице речиси без шминка, Меган Маркл издоминира во првите редови на ревијата на брендот Balenciaga.

Едно од најголемите изненадувања на Модната недела во Париз беше првото појавување на Меган Маркл на овој настан.
Војвотката од Сасекс, отпатува во Париз по повод првата ревија на Пјерпaоло Пичоли, како креативен директор на Balenciaga.

Маркл изгледа елегантно во бела наметка и свилена бела кошула под неа - целосен стајлинг од Balenciaga.
Таа ја надополни комбинацијата со црни високи потпетици, косата во пунџа и лице речиси и без шминка.

Ова е првпат Војвотката да се појави на Париската недела на модата.
На ревијата, покрај Меган од познатите личности присуствуваа Ен Хатавеј и Лорен Санчез Безос.




С. С. | Црнобело
