Меган Маркл критикувана за „морничаво“ видео од лимузина, во близина на местото каде што загина принцезата Дијана
- Детали
- понеделник, 06 октомври 2025
Меган Маркл сподели видео од лимузина снимено во Париз, во близина на местото каде што загина принцезата Дијана. Додека некои мислат дека е ненамерна грешка, други ја нарекуваат „злобна“ и се сигурни дека сака да му испрати некаква порака на кралското семејство.

Деновиве Меган Маркл е во престолнината на Франција, по повод Модната недела во Париз.
Сопругата на принцот Хари доби комплименти зa стајлингот на модната ревија на Balenciaga, но набрзо потоа се соочи со критики за „невкусното“ видео што го сподели на Инстаграм.
44-годишната Меган објави видео снимено во лимузина во Париз, во непосредна близина на местото каде што загина принцезата Дијана.
Меган се возела покрај реката Сена, а видеото го снимила пред тунелот во кој загина Дијана во 1997 година.
И, брзо се соочи со критики од јавноста.
За Daily Mail се огласи експерт за кралското семејство, кој смета дека видеото е непочитување, пред сè, за нејзиниот сопруг Хари.
„Не ми е јасно што мислела. Никој не би ја советувал да направи нешто толку чудно. Меган има право да оди на модни настани, но чудно е што објави видео поврзано со трагичната смрт на принцезата Дијана.
Сигурен сум дека не мислела ништо лошо, но сепак е бесчувствително. Смртта на Дијана е трагедија што одбележа голем дел од животот на Хари“.
Некои, пак, сметаат дека видеото не е ненамерна грешка и Меган многу добро знаела што прави.
„Без разлика која е точната локација, сметам дека Меган сака да прати порака до кралското семејство штом објавува видео во кое се вози низ Париз навечер“.
„Ако со ова видео сака да му испрати порака на принцот Вилијам, тогаш Меган Маркл е навистина злобна“.
„Мислам дека Меган го има објавено видеото за публицитет, но дека работите не се одвивале како што планирала“.
„Ја користи секоја можност за внимание и сака да ја поврзуваат со принцезата Дијана“.
„Зарем сте изненадени? Меган лансира линија вина на роденденот на Дијана“.
„Знаела што точно прави. Меган е злобен нарцис“.
Засега Меган Маркл се нема огласено за видеото.
Спирова С. | Црнобело
