Детали за првиот брак на Меган Маркл: Се разведоа по 2 години, му го вратила прстенот по пошта
- Детали
- сабота, 22 ноември 2025
Првиот брак на Меган Маркл траеше околу две години, а наводно нејзиниот поранешен сопруг Тревор не знаел зошто го оставила. Поранешните пријателки на Меган, пак, велат дека биле непријатно изненадени од тоа како го третирала додека тој се обидувал да го спаси бракот.

Пред да го најде својот принц, Меган Маркл беше во брак со продуцентот Тревор Енгелсон.
Во минатото, британската монархија не дозволуваше членовите на кралското семејство да се венчаат со разведени партнери.
Токму затоа чичкото на кралицата Елизабета, Едвард, се откажа од тронот – сакаше да се венча со Волис Симпсон која зад себе имаше развод.
Но, времињата се променија и иако имаше негодувања за разводот на избраничката на Хари, принцот и Меган Маркл сепак се венчаа.
Додека сите ги знаат деталите од нивната врска и нивниот брак, ретко се зборува за првиот брак на Меган, најмногу бидејќи таа се разведе уште пред да се прослави во Холивуд.
Што знаеме за првиот брак на Меган и зошто заврши со развод?
Ја почнаа врската кога Меган имаше 23 години
Тревор Енгелсон е филмски продуцент која има работено на низа холивудски филмови, вклучувајќи го и Remember Me со Роберт Патинсон.
Со Меган се запознале во 2004 година, пред таа да се пробие во Холивуд. Тогаш Меган имала 23, а Тревор 28 години.
Не се познати многу детали за нивната врска, освен дека во 2010 година ја побарал за жена.
Се венчаа на Јамајка
Меган и Тревор се венчаа во 2011 година, во ресорт на Јамајка.
Самата церемонија траела 10-тина минути, но младенците и гостите славеле дури четири дена.
Според некои извори, на гостите, Меган и Тревор им подариле примероци од локална марихуана.
Откако Меган се венча со Хари, нејзиниот татко, со кој не е во добри односи, изјави дека навистина го сакал Тревор.
„Ја запозна мајка ми и секогаш беше многу фин. Беше вистински џентлмен со мојата ќерка, а кон мене се однесуваше со почит.
Кога побара дозвола да се венча со Меган, бев пресреќен“.
Принцот Хари го нема запознато татко ѝ на Меган, но наводно, коментарите за нејзиниот прв сопруг го разочарале.
