Детали за првиот брак на Меган Маркл: Се разведоа по 2 години, му го вратила прстенот по пошта
Се разведоа по само две години
До август 2013 година, Меган и Тревор беа разведени, наводно поради „ненадминливи разлики“.
Не е познато што точно се случило меѓу нив, но се шпекулира дека актерската кариера на Меган имала удел.
Тој период таа работеше на серијата Suits, па често била отсутна и ова се одразило врз нивната врска.
Додека Тревор бил во Лос Анџелес, Меган најголем дел од времето минувала во Канада за да снима. И, по разводот, му ги вратила свршеничкиот и венчалниот прстен по пошта.
Поранешна пријателка на Меган има изјавено дека сите биле изненадени од разделбата, но и начинот на кој таа го третирала Тревор.
Според неа, Тревор честопати одел во Канада за да се види со Меган, но таа сè повеќе го игнорирала.
„Мислам дека Меган го заборави бидејќи го гледаше поретко. Начинот на којшто го остави… Тревор навистина беше многу повреден“.
Тревор тешко се справил со разделбата
Тревор не можел да ја преболи Меган, а кога дознал за нејзината врска со Хари, му било уште потешко.
„Тревор тешко се справи со разделбата со Меган. Помина низ тежок период, а ситуацијата само се влоши кога Меган почна да се гледа со Хари“, вели извор близок до некогашниот пар.
Други извори велат дека на Тревор не му ни било јасно зошто Меган го оставила.
Досега Меган ниту еднаш го нема спомнато поранешниот сопруг.
Денес Тревор е во брак со друг жена
Во 2019 година, Тревор се венча со нутриционистката и богата наследничка Трејси Курланд.
Ја почнаа врската во 2017 година, а се венчаа околу една година после Меган и Хари.
Заедно имаат и две деца кои ги добија во 2020 и 2025 година.
Спирова С. | Црнобело
