Нова драма кај Бекамови: Викторија ја расплакала Никола Пелц на свадбата – ѝ го украла вниманието на снаата

„Пред да почне да ја пее песната за првиот танц на Бруклин и Никола, Марк Антони на сцената, освен младоженецот, ја покани најубавата жена на вечерта... Викторија Бекам. Никола Пелц со солзи истрча во соба. Настана непријатна тишина...“ - велат извори кои откриваат нови детали за свадбата на синот на Бекамови со Никола Пелц, во период кога односите им се најзатегнати досега. 

nova-drama-kaj-bekamovi-viktorija-ja-rasplakala-nikola-pelc-na-svadbata-i-go-ukrala-vnimanieto-na-snaata-01.jpg

Односите помеѓу Бекамови и саканата на нивниот син Бруклин, Никола Пелц, никогаш не биле идеални.

И покрај тоа што се труделе да остават слика на среќно семејство, на површината секогаш испливуваа драмите и проблемите кои ги нарушуваа односите.

nova-drama-kaj-bekamovi-viktorija-ja-rasplakala-nikola-pelc-na-svadbata-i-go-ukrala-vnimanieto-na-snaata-03.jpg

Во последно време тие изгледа воопшто не се во добри односи, со оглед на тоа што Бруклин и Никола не се појавија на ниту еден од важните семејни настани на неговите родители периодов.

nova-drama-kaj-bekamovi-viktorija-ja-rasplakala-nikola-pelc-na-svadbata-i-go-ukrala-vnimanieto-na-snaata-04.jpg

Прочитајте повеќе Детали за драмата кај Бекамови: Никола му забранува на Бруклин да ги гледа родителите, тие ја споредуваат со Меган Маркл

Но, сега испливаа нови непознати детали од свадбата на Никола и Бруклин, која се случи во 2022 година и беше свадба на годината.

Тогаш, Викторија им го украла вниманието и го префрлила на себеси наместо на младенците, во моментот кога требало да го имаат првиот танц.

nova-drama-kaj-bekamovi-viktorija-ja-rasplakala-nikola-pelc-na-svadbata-i-go-ukrala-vnimanieto-na-snaata-11.jpg

„Марк Антони, кој е пријател на Бекамови, се понуди да ја изведе песната за првиот танц, како негов подарок на свадбата.

Пред да почне песната, Марк го покани Бруклин на сцената, а потоа рече ‘Нека се качи и најубавата жена во просторијата вечерва... Викторија Бекам!’

Невестата се чувствуваше како Викторија да ја уништила нејзината свадба и не можеше да разбере зошто“ – тврди анонимен извор за магазинот People.

nova-drama-kaj-bekamovi-viktorija-ja-rasplakala-nikola-pelc-na-svadbata-i-go-ukrala-vnimanieto-na-snaata-08.jpg

Публицистите на Викторија и Дејвид не дале никаков коментар за оваа ситуација на барање на магазинот, а друг извор додава дека сите гости биле шокирани кога Марк ја поканил Викторија наместо Никола и настанала комплетна тишина.

nova-drama-kaj-bekamovi-viktorija-ja-rasplakala-nikola-pelc-na-svadbata-i-go-ukrala-vnimanieto-na-snaata-07.jpg

Гостите на свадбата останале без зборови кога по оваа непријатна ситуација, Викторија започнала да танцува полека со синот и додава:

„Не беше соодветно. Никола избега во соба со плачење. Никола мислеше дека Викторија ова го направи намерно, иако знаеше дека ова е планиран романтичен танц за Бруклин со невестата“.

nova-drama-kaj-bekamovi-viktorija-ja-rasplakala-nikola-pelc-na-svadbata-i-go-ukrala-vnimanieto-na-snaata-05.jpg

Веројатно, мама Бекам е од оние кои не можат да се помират дека во животот на синот сега има нова жена, но и покрај нивните погрешни чекори со кои уште повеќе го оддалечуваат Бруклин од нив, сепак ситуацијата е прилично комплицирана. 

nova-drama-kaj-bekamovi-viktorija-ja-rasplakala-nikola-pelc-na-svadbata-i-go-ukrala-vnimanieto-na-snaata-06.jpg

Многумина веруваат дека и Никола е „итра“ и на секаков начин пробува да го одвои Бруклин од Бекамови, а повеќе го приближува кон нејзиното семејство. 

nova-drama-kaj-bekamovi-viktorija-ja-rasplakala-nikola-pelc-na-svadbata-i-go-ukrala-vnimanieto-na-snaata-12.jpg

Прочитајте и Го скара Бруклин со Бекамови, турнала дадилка по скали: „Никола Пелц отсекогаш била разгалена богаташка“

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бекамови на јахта на Ибица со ќерката, синот и снаата – мама Викторија накитена со дијаманти, откако... Бекамови сакаат да живеат на висока нога, а вчера уживаа со ќерката, синот и нег...
Нова тужба за Пи Диди - за групно силување на девојка заедно со неговиот син Џастин Грозоморно обвинение против Диди повторно... Но, сега е вклучен и неговиот син. ...
Никола Пелц загрижува со преслабиот изглед – има 45kg и држи строга диета за филм Никола Пелц сега имала нешто помалку од 45 килограми, а ова е резултат на напорн...
„Тројката се распадна, преку глава ѝ е од драмата“ – Зошто Селена Гомез се оддалечи од Бруклин Бекам... „Преку глава ѝ е од драмата што ја прават тие двајца. Кругот на пријатели секој ...
Викторија лаже дека е од работничка класа, Дејвид ѝ ги плаќаше милионските долгови: Како Бекамови ст... Повеќе од една деценија, модниот бренд на Викторија Бекам работел со загуба. Во ...
Први фотки од Бруклин Бекам и Никола Пелц по скандалот + Нови обвиненија за неа дека го користела и ... Бруклин и Никола изгледаа добро расположени на првото појавување од скандалознат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg