Бекамови на јахта на Ибица со ќерката, синот и снаата – мама Викторија накитена со дијаманти, откако со Дејвид станаа милијардери
- Детали
- вторник, 26 мај 2026
Бекамови сакаат да живеат на висока нога, а вчера уживаа со ќерката, синот и неговата девојка, дотерани на јахта на Ибица – ќерката Харпер со чанта од 1.400 евра, Викторија носи папучи од 700 евра и е накитена со дијаманти, откако Дејвид неодамна стана прв спортист милијардер во Британија.

Вчера популарното Бекам семејство, во неполн состав, беше забележано на гламурозно патување на Ибица.

Викторија и Дејвид, во летни дотерани комбинации, заедно со ќерката Харпер, синот Ромео и неговата девојка Ким, уживаа на одмор со стил.

14-годишната Харпер носеше Bottega Veneta чанта, која чини околу 1.400 евра, а мама Викторија беше облечена во провиден шарен фустан, дополнет со Hermes влечки од околу 780 евра и чанта за на плажа.


Стајлингот на Викторија е надополнет со блескав накит, прстени, две бразлетни и ланче, кои не ги вади дури ни за на море и ужива во луксуз, посебно откако со сопругот стекнаа титула на милијардери.

Нивното богатство неодамна беше проценето на околу 1.5 милијарди долари, а со тоа Дејвид стана првиот спортист милијардер во Британија.
Тие уште еднаш покажаа дека се држат цврсто како семејство, одат на заеднички одмори, и покрај турбуленциите во односот со синот Бруклин.
Дејвид пак, не ја испушта саканата од раце и постојано ја прегрнува.

Повеќе фотки од семејното мини летно бегство на Бекамови:








М. М. | Црнобело