Ќерката на Кејт Мос згодна на плажа со мама – ги покажа мониторите за дијабетес на задникот и раката (фото)
- Детали
- вторник, 12 август 2025
Трагите од годините поминати во пороци се присутни на лицето на Кејт Мос, но заедно со ќерката изгледаат како да се сестри – Лила (22) ги наследи манекенските гени, а на плажа во Шпанија ја покажа инсулинската пумпа и мониторот за дијабетес кои ги носи на телото.

Кејт Мос (51) и нејзината ќерка Лила (22) се на заеднички летен одмор во Форментера и уживаат во моментите поминати на плажа заедно.
Лила ги наследи манекенските гени од мајка ѝ, а двете изгледаат прекрасно и ги покажаа згодните тела.
Наследничката на Кејт носеше бикини со леопардски принт, а ги покажа и мониторот за глукоза, инсулинската пумпа и фластерот на задникот и раката.

Во јавноста е познато дека таа има дијабетес тип 1, а наместо да ги крие како многумина, таа гордо ги покажува овие уреди дури и кога е во елегантен стајлинг на настан или на модна ревија, а со тоа ја поткрева свеста за одговорноста кон здравјето кое е на прво место.

Од далеку двете делуваат како да се сестри и изгледаат прекрасно додека поминуваат квалитетно време заедно како мајка и ќерка.

Неколку дена претходно, тие уживаа на Ибица, каде се забавуваа во вода, а Кејт го покажа лицето без грам шминка.


Погледнете повеќе фотки од одморот на Кејт и Лила во Шпанија:







М. М. | Црнобело