Вера Ванг со нов имиџ го прослави 77-иот роденден – и во осмата деценија изгледа како млада девојка (фото)
- Детали
- четврток, 02 јули 2026
И на 77 години Вера Ванг изгледа како млада девојка. Неодамна дизајнерката славеше роденден, а на прославата го покажа новиот имиџ – препознатливата црна коса ја заменила со руса.

Вера Ванг е позната не само како добра дизајнерка, туку и како една од славните жени кои како да не стареат.
На 27-ми јуни дизајнерката го прослави 77-иот роденден, а сега на Инстаграм сподели и фотки од роденденската забава.
Како и обично, Вера изгледа барем две децении помладо, а покажа и дека го променила имиџот.
Наместо долгата црна коса која ѝ беше заштитен знак, сега е русокоса.
На прославата, таа носеше долг бел фустан со набори, без никакви модни додатоци.
Дизајнерката го прослави роденденот во елитен ресторан во Париз, во друштво на пријателите.
Нормално, дуваше и свеќички на голема бела торта.
Вера неколкупати има зборувано за нејзиниот младешки изглед, а вели дека она што ја одржува млада е работата.
Исто така, сподели дека навечер спие по девет часа, но призна и дека не е опседната со убавината и младешкиот изглед и не сака да си ги скратува задоволствата.
„Дефинитивно јадам брза храна. Две недели нарачувам секој ден, а потоа ќе направам пауза. Уживам и во крофни“.
Вера не крие дека одвреме-навреме ужива во коктел, а по секоја цена избегнува сонце.