Актерот од Suits непрепознатлив, ослабен и со коса, фановите се шегуваат: „Се претвори во Харви Спектар“
- Детали
- вторник, 07 јули 2026
Видно ослабен и со бујна коса, актерот кој го глумеше Луис Лит во Suits, изгледа непрепознатливо, фановите се шегуваат дека сега изгледа како Харви Спектар (од серијата), а тој ја откри и тајната за слабеење: „Интензивен фастинг, кето диета и елиминиран алкохол“.

Рик Хофман е актер кој се прослави со улогата на адвокатот Луис Лит во серијата Suits, во која улога имаше и Меган Маркл.

Низ годините тој немаше коса и беше со вишок килограми, а по улогата во Suits долго време го немаше во јавноста, сè до појавувањето во новата романса со Џенифер Лопез, Office Romance.

Но, она што најмногу ги изненади сите се неговите неколку нови објави на Инстаграм по долга пауза, на кои се фотографира себеси во огледало.
Тој е непрепознатлив, а неговиот изглед е целосно трансформиран – видно ослабен и со многу побујна коса.
Во коментари, фановите го пофалија неговиот изглед, а многумина и се шегуваат на сметка на ликовите од Suits:
„Луис Фит“, „Луис се претвора во Харди“, „Се претвори во Харви Спектар“, „Одлично изгледаш“.

Во еден од коментарите стои прашањето: „Може ли да прашам која е тајната за слабеењето? Изгледаш одлично“, на што актерот одговори:
„Интензивен фастинг и кето диета. Без алкохол“.
М. М. | Црнобело