Кифер Сатерленд им се врати на лошите навики – нападнал возач, по многуте апсења и затворската казна за возење во пијана состојба

Повеќе од цела деценија, Кифер Сатерленд немаше проблеми со законот. Во минатото актерот беше апсен многупати за возење под дејство на алкохол, а помина и 48 дена во затвор. Сега, пак, решил насилно да влезе во туѓ автомобил и да го нападне возачот.

kifer-saterlend-im-se-vrati-na-loshite-naviki-napadnal-vozach-po-mnogute-apsenja-i-zatvorskata-kazna-za-vozenje-vo-pijana-sostojba-01.jpg

Кифер Сатерленд, најпознат по улогата на Џек Бауер во серијата „24“, бил уапсен бидејќи нападнал друг маж.

Според полицијата во Лос Анџелес, тие добиле повик за напад на возач нешто по полноќ во понеделникот (12.01).

Напаѓачот, кој подоцна бил идентификуван како 59-годишниот актер, насилно влегол во возилото на мажот, го нападнал, а потоа и му се заканувал.

kifer-saterlend-im-se-vrati-na-loshite-naviki-napadnal-vozach-po-mnogute-apsenja-i-zatvorskata-kazna-za-vozenje-vo-pijana-sostojba-05.JPG

Актерот бил уапсен во 4 наутро, а бил ослободен неколку часа подоцна, односно околу 11: 30, со кауција од дури 50.000 долари.

Полицијата во Лос Анџелес откри дека нападнатиот возач немал сериозни повреди и немало потреба да оди во болница.

Американските медиуми стапиле во контакт со портпаролот на актерот барајќи детали за инцидентот, но засега немале добиено никаков одговор.

kifer-saterlend-im-se-vrati-na-loshite-naviki-napadnal-vozach-po-mnogute-apsenja-i-zatvorskata-kazna-za-vozenje-vo-pijana-sostojba-09.JPG

Ова е далеку од прво апсење за Кифер Сатерленд кој низ годините имал низа судири со законот.

Во 2008 година, актерот помина 48 денови во притвор бидејќи возел под дејство на алкохол.

Инцидентот се случил претходната година, во 2007-ма и актерот призна вина, поради што доби 30-дневна казна затвор. Но, му беа додадени уште 18 денови поради претходни прекршоци.

kifer-saterlend-im-se-vrati-na-loshite-naviki-napadnal-vozach-po-mnogute-apsenja-i-zatvorskata-kazna-za-vozenje-vo-pijana-sostojba-12.JPG

Чуварите во затворот, пак, открија дека се однесувал мошне примерно, а имал и низа обврски во затворот, како перење постелнина.

„Беше многу скромен, никогаш не се пожали за ништо. Не предизвикуваше никакви проблеми“.

kifer-saterlend-im-se-vrati-na-loshite-naviki-napadnal-vozach-po-mnogute-apsenja-i-zatvorskata-kazna-za-vozenje-vo-pijana-sostojba-04.JPG

Што се однесува до претходните прекршоци, во 2004 година, тој исто така беше уапсен за возење под дејство на алкохол.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Детали за мистериозната смрт на актерот од „Маска“: Имал многу повреди на телото, го поврзуваат со о... Питер Грин, актерот што го глуми негативецот во „Маска“, минатата недела беше пр...
Вели дека е екстремист, се фали дека ги воспитува децата со тепање: Се сеќавате на Алфалфа од The Li... Актерот Баг Хол најпознат по улогата на слаткиот Алфалфа денес има сосема поразл...
Ентони Хопкинс со вознемирувачки откритија за алкохолизмот: „Ја напуштив ќерка ми, ѓаволот се крие в... Ентони Хопкинс нема допрено алкохол веќе 50 години, но додека да се ослободи од ...
Побарал помош кога се разбудил во локва крв, се дрогирал со лепило на 11 години – бруталното минато ... Том Харди почнал да експериментира со дрога на само 11-годишна возраст, а веќе д...
Имал афери со мажи, добил 11 деца од неколку жени: Бурниот љубовен живот на Марлон Брандо Марлон Брандо се венчал трипати, а додека бил во брак, секогаш имал и љубовници....
Забременила на 15 години, се венчал со неа за да не оди во затвор: Скандалозниот брак на Чарли Чапли... Од четирите бракови на Чарли Чаплин, еден од поскандалозните е оној со Лита Греј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg