Кифер Сатерленд им се врати на лошите навики – нападнал возач, по многуте апсења и затворската казна за возење во пијана состојба
Тогаш актерот сподели дека се кае и вети дека нема да го повтори делото.
„Разочаран сум од себеси. Многу жалам за стресот што му го предизвикав на моето семејство, пријателите и колегите.
Ја ценам поддршката што ја добивам и лично и професионално“.
Кифер помина извесен период во притвор, мораше да посетува програма за одвикнување од алкохол која трае 18 месеци, а на крај доби и 5-годишна условна казна.
Како што веќе спомнавме, Кифер беше фатен како вози под дејство на алкохол во 2007-ма, со што ја прекрши условната казна.
Проблемите со законот за Кифер датираат уште во 1980-тите.
Во 1989-та, тој беше уапсен за возење во алкохолизирана состојба, но и поседување оружје. Успеал да направи спогодба, па обвиненијата за оружјето биле отфрлени.
Повторно поради возење во алкохолизирана состојба, актерот беше уапсен и во 1993 година. Тогаш беше казнет со 200 часа општокорисна работа.
До последното апсење, актерот успеваше да се држи настрана од проблеми повеќе од цела деценија.
Во 2016 година, тој зборуваше за обидите да се откаже од алкохолот.
На прашањето дали некогаш ќе се откаже, Кифер даде по малку конфузен одговор, со кој кажа дека не планира засекогаш да го остави алкохолот.
„Се имам откажано од алкохол, некогаш на долги периоди.
Но, во еден момент донесов одлука, можеби правилна можеби не, дека подобро ми е да работам многу напорно и сепак да си дозволам такви моменти, отколку целосно да се откажам. Тоа е мој избор и стојам зад него“.
Спирова С. | Црнобело
