Колку се промени ликот на Никола Пелц низ годините – од богата тинејџерка до непосакувана снаа на Бекамови
- Детали
- недела, 12 јули 2026
Од слатко девојче со протези до вистинска убавица која неколкупати го промени имиџот, а сега драстично ослабе за улога, наводно до 45kg - како се менуваше Никола Пелц низ годините о дали богатата наследничка и сопруга на Бруклин Бекам има направено корекции?

Иако е во актерските води повеќе од една деценија, Никола Пелц сепак најмногу се прослави како девојка и сега сопруга на наследникот на Бекамови, Бруклин.
На почетокот изгледаа на среќно семејство, но нивниот однос многу повеќе се затегна по свадбата и низата скандали, па сега Никола и Бруклин се целосно отуѓени од Бекамови.
Со најновите фотографии таа предизвика дебата за нејзиното тело и лице, откако драстично ослабе за улогата на балерина во нов филм.
Богатата наследничка на милијардерот Нелсон Пелц, никогаш нема зборувано за тоа дали има направено корекции на себе, но тоа не ги спречува фановите и експертите да шпекулираат.
Естетскиот доктор и дерматолог д-р Хасан Галадари, за Daily Mail, го кажа своето стручно мислење за промените во ликот на Никола Пелц.
„Таа секогаш била многу убава, но нејзиниот изглед дефинитивно еволуираше низ годините.
Иако е невозможно да кажам што точно правела, можно е да ставила инјекции против стареење, како ботокс, за да има мазно чело и да ги ублажи линиите при експресии.
Нејзините веѓи исто така делуваат како да се повисоко, што може да е резултат на лифтинг на веѓи.
Носот исто така изгледа како да е малку коригиран за разлика од постарите фотографии, што може да биде хируршка ринопластика, но може да биде и со дермални филери.
Нешто што најмногу се издвојува е квалитетот на нејзината кожа. Секогаш е мазна, сјајна и тонирана, изгледа како да е порцеланска.
Ова може да се постигне со третмани за подмладување како IPL, кои таргетираат оштетување од сонце, пигментација и црвенило.
Комбинирано со добра рутина и заштита од сонце, овие третмани може да го подобрат квалитетот на кожата и пак да изгледа целосно природно“.
Сепак, важно е да се нагласи дека не секогаш промените во изгледот значат естетски корекции, посебно кога се прави споредба со фотографии од младоста и тинејџерските денови.
Растењето, созревањето и менувањето на изгледот се сосема нормални со текот на годините, а многу влијае и менувањето на имиџот, начинот на шминкање, изглед на веѓи, коса и слично.
Се претпоставува дека има направено корекција на забите, дека има благо пополнување на усните со филери и други третмани кои ѝ помагаат да изгледа совршено.
Погледнете повеќе фотографии од нејзината еволуција:
2008

2010

2011

2013

2014

2016
