Позната старлета призна дека има сериозен проблем, по повеќе од 40 пластични операции: „Дома немам огледала“
- Детали
- среда, 08 јули 2026
„Немам огледала во мојата куќа. Имам само едно. Сега мислам дека имам телесна дисморфија, а претходно живеев во заблуда“, споделува старлетата Кети Прајс која барем еднаш годишно оди под нож и досега има направено над 40 операции, од кои околу 17 на градите.

Кети Прајс, една од најпознатите британски старлети, денес е препознатлива по бројните пластични операции со кои драстично си го промени изгледот.
Иако честопати била советувана и од блиските дека треба да престане со корекции, Кети барем еднаш годишно оди под нож.
Но, сега првпат 40-годишната старлета призна дека страда од телесна дисморфија поради што нема ни огледала во домот.
„Мислам дека дефинитивно имам телесна дисморфија. Го мразам она што го гледам кај мене. Немам огледала во мојата куќа. Имам само едно огледало, само едно.
Сега мислам дека имам телесна дисморфија, а претходно живеев во заблуда.
Ако некој вели дека сум изгледала одлично, не мислам дека изгледам така. Уште не ми се допаѓа мојот изглед, го мразам“, вели Кети во ново интервју.
Низ годините, Кети има направено над 17 операции на градите, неколку процедури за лифтинг на лицето и веѓите, операција на носот, а потоа и низа операции за корекции и изместени филери и силикони.
Кети смета дека во нејзината телесна дисморфија удел има и нејзиното тешко и трауматично детство.
Старлетата била силувана на седумгодишна возраст, а оваа траума многу се одразила врз неа.
„Сè почнува со вашето детство и во вашето детство. Има влијание врз сè што ви се случува кога ќе пораснете.
Не бев свесна за ова, па морав сама да се справувам со сè“.
Кети има и бурен љубовен живот – четирипати застана пред олтар, а беше свршена дури деветпати.
Моментално таа е во брак со маж кој тврди дека е бизнисмен од Дубаи, а се венчаа по само една недела врска.
Неодамна тој беше и во затвор во Дубаи за измама, но Кети тврди дека никогаш немала посреќна и поздрава врска.
„Мојот сопруг ме гледа таква каква што сум, не како продукт…
Пред две години почнав да одам на терапија за врски, учев за црвените знаменца и како изгледа здрава врска бидејќи отсекогаш сум била во врска со токсични, љубоморни и насилни мажи.
Сите биле такви. Па, отидов на терапија бидејќи постојано ми требаше маж. Сега не ми треба маж. Ако посакувам маж, тоа е бидејќи го посакувам, а не бидејќи ми треба“.