Џесика Алба „процвета“ по разводот – ужива со новиот помлад дечко на одмор во Италија, никогаш позгодна (фото)
- Детали
- петок, 10 јули 2026
Се разведе од сопругот по 16 години брак и 3 деца, а сега поубава и позгодна од кога било, насмеана ужива покрај новиот, 11 години помлад дечко на љубовно бегство во Италија – читаат книги на плажа, мезат среде море и јадат специјалитети во ресторан.

Минатата година Џесика Алба се разведе од сопругот Кеш Ворен, со кога има три деца, а иако веста беше изненадување, сепак изгледа имаше многу знаци дека бракот им бил осуден на пропаст.

Само 6 месеци подоцна, во јавноста веќе се дозна дека актерката е во нова врска со актерот Дени Рамирез (33), кој е 11 години помлад од неа.
Тие јавно разменуваа нежности и повеќепати беа фотографирани како вљубени тинејџери низ улиците на Лос Анџелесм, а Рамирез има објавено и повеќе фотографии со саканата.
Нивната љубов очигледно е сериозна, а летово парот ужива на романтично бегство во Италија.
Џесика Алба на Инстаграм сподели серија фотки од заедничкиот одмор, каде се гледа дека таа вистински ужива и како да „процветала“.
Убавата актерка блеска покрај Дени во своето најдобро издание на 45 години – го покажа згодното тело и убавата насмевка.
Парот одмара на плажа и заедно читаат книга, пијат коктели и се опуштаат пловејќи среде море, а не пропуштаат и да пробаат вкусни специјалитети.


Погледнете повеќе фотки:








M. M. | Црнобело