Се бакнуваат во јавност, сега тој објави први фотки со неа – Џесика Алба има 33-годишен дечко по разводот
- Детали
- понеделник, 10 ноември 2025
Неколку месеци по разводот од Кеш Ворен со кој доби 3 деца, Џесика Алба (44) си најде 11 години помлад дечко – беа уловени повеќепати како се бакнуваат како тинејџери во јавност, а сега тој гордо за првпат објави фотки со неа на Инстаграм.

Џесика Алба беше во брак со Кеш Ворен 16 години и заедно имаат 3 деца, но во јануари 2025 соопштија дека се разделуваат пријателски.

6 месеци подоцна, летото, таа веќе имаше нова љубов, со која повеќепати беше уловена низ Лос Анџелес додека разменуваат нежности.

Станува збор за Дени Рамирез, 33-годишен актер, кој има глумено во неколку популарни филмови меѓу кои Top Gun: Maverick, The Falcon and the Winter Soldier и Captain America: Brave New World.
На многу од фотките кои беа објавени од светските медиуми, тие изгледаа како вљубени тинејџери кои не можат да се одделат еден од друг и страсно се бакнуваат.

Освен опуштени прошетки, вечери или моменти пред неговиот дом, тие беа забележани и на аеродром кога се упатуваа на одмор во Мексико.


Но, и покрај сите заеднички фотографии и разменувања страсти во јавност, немаа зборувано за нивната врска, ниту пак самите објавија нешто.
Сега, изгледа тие одлучија да се официјализираат, па нејзиниот дечко објави први романтични фотки со неа на Инстаграм.

Тој сподели низа фотки од хуманитарната гала Baby2Baby, а на дел од нив позира со Џесика.



Повеќе папарацо фотографии од нивната романса:







Прочитајте и Го избркала од дома, ја бакнал Линдзи Лохан: Знаци дека бракот на Џесика Алба и Кеш Ворен беше осуден на пропаст
М. М. | Црнобело