Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Богати и убави: Најубавите наследнички на светски познатите милијардери

Благодарение на милијардите на своите родители, овие убавици имаат повеќе пари отколку што можат да потрошат, а притоа се и неверојатно атрактивни.

bogati-i-ubavi-najubavite-naslednicki-na-svetski-poznatite-milijarderi-01.jpg

Ова се најубавите наследнички, родени под среќна ѕвезда:

Иванка Трамп

Ќерката на познатиот Доналд Трамп моментално е успешна деловна жена, на чело на компанијата на нејзиниот татко. Во младоста имаше успешна кариера како манекенка, а денес има сопствена линија облека и накит. Нејзиното богатство се проценува на околу 3,9 милијарди долари.

bogati-i-ubavi-najubavite-naslednicki-na-svetski-poznatite-milijarderi-02.jpg


Ники и Парис Хилтон

Сестрите Хилтон се родени со милиони на сметка, благодарение на наследството. Нивниот прадедо е оној кој го стекнал богатството, па овие 2 русокоси уште од младоста и се добро познати на јавноста. За разлика од Парис која е зависник од забави, Ники е повеќе посветена на наследување на богатството, кое се проценува на 2,5 милијарди долари.

bogati-i-ubavi-najubavite-naslednicki-na-svetski-poznatite-milijarderi-03.jpg


Дилан Лорен

Оваа атрактивна бринета е ќерка на модниот гениј Ралф Лорен. Таа заедно со своите двајца браќа ќе наследи богатство кое се проценува на 7,5 милијарди долари. Меѓутоа, таа не тргна по стапките на нејзиниот татко, туку отвори продавница за слатки во Њујорк, која моментално важи за најголема во светот.

bogati-i-ubavi-najubavite-naslednicki-na-svetski-poznatite-milijarderi-04.jpg


Ваниша Митал

Ќерката на едно од најбогатите лица во Индија, Лакшми Митал, знае како да ужива во своето богатство. Таа во 2004 година се омажи за богат банкар, а по дипломирањето започна со водење на компанијата на нејзиниот татко. Се проценува дека токму Ваниша води империја од 16 милијарди долари.

bogati-i-ubavi-najubavite-naslednicki-na-svetski-poznatite-milijarderi-05.jpg


Петра и Тамара Еклстон

Бернард Еклстон нема една, туку две прекрасни ќерки кои до сега се испробаа во модните води. Петра и Тамара се познати само по тоа што се планетарно богати, затоа што ниту во манекенството, ниту во дизајнерските води не им одеше најдобро. Сепак, нивниот татко им го овозможува целиот луксуз. На пример, Петра за својата венчавка во 2011 година потрошила неверојатни 12 милиони долари.

bogati-i-ubavi-najubavite-naslednicki-na-svetski-poznatite-milijarderi-06.jpg

Би можело да ве интересира:

Абортус, изгубена невиност со постара жена - Најголемите скандали што славните ги открија во своите ... Парис Хилтон била силувана од постар маж во осмо одделение, Лиза Мари Присли рас...
„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
Ѝ го украла сопругот на најдобрата пријателка, пиела шише виски на ден - 10 најголеми скандали во жи... Обожавала диви забави и наводно пиела шише виски секој ден, па морала да се леку...
Парис Хилтон танцува сосема гола, само со панделка на интимните делови, по повод Божиќ (видео+фото) Дали ова е најсмелата честитка за Божиќ? 43-годишната Парис Хилтон танцува сосем...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
9 познати дами кои изгледаат како да го имаат еликсирот за вечна младост  Рис Витерспун на 48 години изгледа како девојка во 30-тите години, Калиопи на 57...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg