Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Холивудски деца: Мини копии на нивните родители

Секој родител уште на раѓањето сака да погодува на кого личи неговото дете. Можеби ги има очите на мајката или носот на таткото или е „плукнат“ на бабата. Секако ова важи и за децата нa познатите кои можеби ја имале таа среќа да добијат одлична комбинација на гени.

holivudski-deca-mini-kopii-na-nivnite-roditeli-01

Погледнете ги децата кои се речиси идентични како нивните познати родители.

Вајолет Афлек

Вајолет е најстарата ќерка на холивудскиот пар Џенифер Гарнер и Бен Афлек. Малата Вајолет со своите темни очи, прчест нос и полни усни е вистинска слика и прилика на својата прекрасна мајка Џенифер.

holivudski-deca-mini-kopii-na-nivnite-roditeli-1.jpg


Ава Филипе

Интересно е како ќерката на поранешните сопружници Рис Витерспун и Рајан Филипе е вистинска комбинација на своите родители. Ава има долга руса коса, исти очи како татко ѝ и усни како мајка ѝ. Нејзините родители ја добија во нивните дваесетти, а се разведоа кога таа имаше 8 години, но односот кој го има со двајцата е многу стабилен и силен. Рајан има изјавено дека не би им забранувал на децата да се занимаваат со глума, но повеќе би сакал да оберат некој друг пат.

holivudski-deca-mini-kopii-na-nivnite-roditeli-2.jpg


Шајло, Вивиен и Нокс Џоли-Пит

Засега сите биолошки деца на Бред и Анџелина имаат руса коса и сини очи, но тоа може да се промени кога ќе пораснат. Се чини дека сите тројца се идеална комбинација на своите родители иако многумина мислат дека најмногу личат на таткото. Како и да е, покрај такви родители, кога ќе пораснат сигурно ќе бидат вистински претставници на фамилијата Џоли-Пит.

holivudski-deca-mini-kopii-na-nivnite-roditeli-3.jpg


Сури Круз

Единствената ќерка на Том Круз и Кејти Холмс од нивниот краток и поприлично чуден брак  израсна во вистинска убавица. Сури има темна коса и изразено сини очи, а од ден на ден сè повеќе потсетува на својата мајка. Освен тоа оваа девојка има многу изразено чувство за мода, бидејќи уште од мали нозе сака скапоцени работи. Таа дури има носено и детски чевли со високи потпетици. Откако се разведени нејзините родители, Сури живее со Кејти.

holivudski-deca-mini-kopii-na-nivnite-roditeli-4.jpg


Матилда Леџер

Кога Хит Леџер почина, неговата ќерка имаше само 3 години. Сега 9-годишната Матилда сè повеќе и повеќе личи на својот татко. Мишел Вилијамс  во една прилика изјавила дека е мајка на најпрекрасното и највеселото девојче во светот која е слика и прилика на својот татко и дека Хит живее преку својата ќерка.

holivudski-deca-mini-kopii-na-nivnite-roditeli-5.jpg


Сејди Сендлер

Познатиот комичар Адам Сендлер има две ќерки, но постарата, Сејди е целосно како него. Темнокосото девојче дури прави и исти гримаси како нејзиниот татко. Таа неколку пати се појавила и во филмовите на Адам, а тој секогаш ја води со себе на снимањата.  Двете ќерки, Сејди и Сани се многу приврзани за нивниот татко.

holivudski-deca-mini-kopii-na-nivnite-roditeli-6.jpg

Би можело да ве интересира:

„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
11 деца кои се мини копија на своите славни родители Ајви Блу го зела најдоброто од мајка ѝ Бијонсе и татко ѝ Џеј Зи, додека Норт Вес...
Како Сури Круз ја возвиши мајка ѝ и му зададе удар на славниот татко? Сури го избриша презимето на татко ѝ и зеде презиме со кое ја возвишува својата ...
Абортус, изгубена невиност со постара жена - Најголемите скандали што славните ги открија во своите ... Парис Хилтон била силувана од постар маж во осмо одделение, Лиза Мари Присли рас...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg