Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Џеј Ло открива: Луѓето мислеа дека животот ми е совршен, но не знаеја дека сум преплашена

Џенифер Лопез за прв пат по долги години реши детално да го опише моментот кога сфатила дека нејзиниот брак со Марк Ентони е завршен.

j-lo-otkri-lugeto-mislea-deka-zivotot-mi-e-sovrsen-no-ne-znaeja-deka-sum-preplasena-01.jpg

Во мемоарите со наслов „True Love“, Џеј Ло ја раскажува тагата, болката и стравот кој го чувствувала кога нејзиното семејство се распаднало.

„Тоа беше еден од оние моменти во кои сте толку исплашени, што не можете ни да ставите крај. Во паника и страв ги погледнав мојата мајка и менаџерот и едвај изустив: Мислам дека веќе не можам да бидам со Марк. А, потоа се расплакав.“

Џенифер и Марк се разведоа по 7-годишнината од бракот, во кој имаа две дечиња, близнаците Ема и Макс. Нивниот брак и живот низ очите на јавноста беше совршен, но еве што таа открива:

„Оние кои нè гледаа од надвор можеа да забележат дека мојот живот беше одличен. Имав сопруг и две прекрасни деца. Бев на Американскиот Идол, а мојот сингл беше број 1. Она што луѓето не го знаеја е дека животот беше далеку од супер. Бракот ми се распаѓаше и бев преплашена.“

Во мемоарите исто така раскажува и за големиот број на претходни врски во кои била малтретирана:

„Никогаш не сум имала модрица или крвава уста, но бев во врски во кои се чувствував малтретирано на друг начин - ментално, емоционално, вербално. Знам какво е чувството кога личноста која ја сакаш ти ја гази душата,“ завршува латино дивата.

Би можело да ве интересира:

Џенифер Лоренс шета неуредна, Џоли пазари со синот копија на Бред Пит: Фото-докази дека и ѕвездите с... Џенифер Лоренс при крајот на бременоста е сосема непрепознатлива и на папарацо ф...
„Никогаш во животот не би ѝ дал втора шанса“ – Првиот сопруг на Џеј Ло раскажува каков бил бракот со... Вели дека имал можност да види преку ноќ како Џеј Ло се променила и почнала да с...
Џеј Ло и Бен Афлек отидоа на ручек среде развод - тој повторно е напнат и несреќен (фото) Средбата на Бен Афлек и Џенифер Лопез со децата, среде бракоразводна постапка, г...
Славни личности кои добија вонбрачни деца во тајност (од афери) Додека да наполни 11 години, Лив Тајлер ни самата не знаела дека е ќерка на пеја...
Џеј Ло прави селфи фотки со задникот во преден план – на одмор во Италија без Бен Афлек, среде гласи... Во бел костим за капење и големи очила за сонце, Џеј Ло си направи фотосесија на...
5 славни жени тврдат дека се посреќни кога се сингл: „Не ми треба маж кој ќе се однесува како дете“ „Решив веќе да не одам на љубовни состаноци, зашто долго време не чувствував иск...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg