Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Рита Ора покриена со циркони, а Ким Кардашијан во припиен комбинезон на Brit Awards (фото)

Вчера вечер во Лондон се собраа дел од најголемите музички ѕвезди и ги примија своите признанија за успех за изминатата година.

rita-ora-pokriena-so-cirkoni-a-kim-kardasijan-vo-pripien-kombinezon-na-brit-awards-foto-001.jpg

Како и на секој гламурозен настан, девојките и тоалетите на црвениот тепих привлекоа најголемо внимание.

Ким Кардашијан одбра црн припиен комбинезон со мрежа над струкот. Не изгледаше најелегантно, но модните критичари го пофалија изгледот.

rita-ora-pokriena-so-cirkoni-a-kim-kardasijan-vo-pripien-kombinezon-na-brit-awards-foto-1.jpg


Во листата на најдобро облечени високо котираше и Тејлор Свифт со црната долга тоалета со црвен змеј на грбот.

rita-ora-pokriena-so-cirkoni-a-kim-kardasijan-vo-pripien-kombinezon-na-brit-awards-foto-2.jpg


Ели Голдинг
пак, го привлече вниманието со едноставната бела тоалета од проѕирна тантела.

rita-ora-pokriena-so-cirkoni-a-kim-kardasijan-vo-pripien-kombinezon-na-brit-awards-foto-3.jpg


Прилично новата пејачка Палома Феит е позната по контроверзниот и откачен стил, но тоалетата за црвениот тепих изгледаше многу поелегантно од сите останати. Модните критичари ја испофалија и нејзината црна тоалета од тул пропрскана со црвени точки.

rita-ora-pokriena-so-cirkoni-a-kim-kardasijan-vo-pripien-kombinezon-na-brit-awards-foto-4.jpg


Од момците најмногу се издвојуваше новиот музички миленик Сем Смит кој носеше мастило сино одело со едноставна бела кошула.

rita-ora-pokriena-so-cirkoni-a-kim-kardasijan-vo-pripien-kombinezon-na-brit-awards-foto-5.jpg


За најголема модна утка на годината беше прогласена младата пејачка Чарли која одбра чуден црн фустан со гол грб, извезен со кремаст конец. Страничното „ѕиркање“ на градите беше уште еден невкусен момент.

rita-ora-pokriena-so-cirkoni-a-kim-kardasijan-vo-pripien-kombinezon-na-brit-awards-foto-6.jpg


Спротивно на неа, Рита Ора изгледаше како девојка од милион долари покриена со илјадници циркони и длабоко деколте до папокот. Токму затоа беше прогласена за најдобро облечена на овогодинешните Brit Awards.

Би можело да ве интересира:

30 најубави парови кои издоминираа на Оскари 2025 и забавата по доделувањето Миранда Кер носеше фустан како песочен часовник и блескаше покрај сопругот, Мик ...
Луди и смешни комбинации од црвениот тепих во раните 2000-ти (фото) Фустан во комбинација со фармерки, здолништа со чуден крој – модата на црвениот ...
Малума објави видео на кое ја бричи главата на 4-месечната ќерка: „Ти си лош родител“ „Можеби си добар музичар, но ти си лош родител“ – му порачаа дел од следбениците...
Анџелина Џоли гордо позира со ќерката која се откажа од презимето на Бред – Вивиен е копија на мама ... Неколку дена откако биолошката ќерка на Анџелина и Бред, Вивиен, се откажа од пр...
Дојде последна, откри дека е третпат бремена - Ријана издоминира на Мет гала 2025 37-годишната пејачка ја изненади јавноста кога преку тесната креација на црвенио...
Наши, балкански и светски ѕвезди кои се родени во знакот на Девица Хрватската пејачка Јелена Розга е родена на 23-ти август, додека Бијонсе – на 4-...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg