Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Дел од атмосферата во Белград: Спектакл на дожд со Роби Вилијамс

Роби Вилијамс вчера го одржа својот прв концерт во Белград пред 30.000 луѓе кои верно го чекаа пред бината на шопинг центарот Ушче.

robi-vilijams-nastapi-vo-belgrad-spektakl-i-pokraj-dozdot-01.jpg

Доцнел цели 40 минути и дополнително на тоа времето било врнежливо, но тоа не ја спречило публиката да ужива во неговиот настап.

Чекајќи го неговото пристигнување публиката уживала во настапите на Бојана Стаменов, 2Cellos и финалистите на музичкиот натпревар X-фактор.

Веднаш по пристигнувањето на сцената, настапот го започнал со песната „Let me entertain you“, а по неа следела песната „Rock DJ“.

По овие две песни ја поздравил публиката, но се шпекулира дека се обратил на погрешен град и извикал: „Добра вечер, Загреб!“.

Преслушајте го видеото и проценете сами:

 

Sta kaze Robi? Koga je pozdravio? #scandalmagazin #scandal #scandaltabloid #robbiewilliams #bekgrade #serbia

A video posted by SCANDAL! (@scandalmagazin) on Jun 17, 2015 at 3:17pm PDT

За среќа публиката била доволно гласна и возбудена па поздравот на почеток не го забележала. Негативните коментари и критиките следеле потоа на социјалните мрежи.

По грешното поздравување се претставил: „Да ви се претставам, јас сум Роби Вилијамс и во наредните два часа вашите задници се мои“. Секако со неговото типично бунтовничко однесување.

По извесен период побарал силно да викнат оние кои се под 30 години и изјавил:

„За младите: Јас сум Роби Вилијамс. Во 90-тите бев голема ѕвезда и член на бендот Take That. Потоа го напуштив бендот, отидов на рехабилитација. Се здебелив, па повторно ослабев. А сега сум таму каде што сум.“ - продолжил нешто подоцна.

Публиката воодушевено скокала и пеела заедно со него.

Видно воодушевен, клекнал на колена и се поклонил на публиката и изјавил: „Србија, Србија ти си најдобра во следењето на тапаните“.

По тоа следела песната „Minnie the Moocher“ и за воодушевување на целата публика, се симнал од сцената за да направи селфи со неа.

Уживајте во сликите од неговиот настап:

Погледнете само мал дел од спектаклот:

Би можело да ве интересира:

Сопругот на Серена Вилијамс емотивен по операцијата за рак на тироида: „Мажи, одете на преглед, особ... „Мајка ми имаше рак на дојка кога беше на моја возраст, а потоа почина од рак на...
Емотивно видео: Адел во солзи ја прегрнува Селин Дион, откако ја виде во публика на нејзин концерт Кога ја здогледа Селин Дион во публиката, Адел истрча да ја прегрне, а и двете п...
Големи огледала и златни детали - Раскошните бањи на светски познатите дами Тоалетот на Џенифер Анистон е целосно од мермер, туш-кабината на Сијара е огромн...
Обидот за камбек на Џим Кери засенет од самоубиството на свршеницата пред 9 години: „Тој е виновен з... Додека Џим Кери пробува да се врати во филмската индустрија бидејќи му требале п...
Се ожени братот на Анџелина Џоли - сестра му ја бакнуваше во уста, саканата ја запроси на гробишта Парот поради кавга се разделил наредниот ден по венчавката и се смириле дури сег...
Паола била најтажната принцеза во Европа во 70-тите – Со децении молчи за аферите на сопругот и него... Добила забрана да се разведе и со години криела дека сопругот живее со љубовница...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg