Големи огледала и златни детали - Раскошните бањи на светски познатите дами

Тоалетот на Џенифер Анистон е целосно од мермер, туш-кабината на Сијара е огромна, а во бањата на Џенифер Лопез има темен камен.

golemi-ogledala-i-zlatni-detali-raskoshnite-banji-na-svetski-poznatite-dami-01.jpg

Честопати на социјалните мрежи светски познатите дами споделуваат видеа и фотографии направени во нивните раскошни домови.

На нив може да се види дека нивните бањи се луксузно уредени со големи, пространи тушеви и гламурозни детали.

Во продолжение ви претставуваме пет од најубавите бањи на познатите дами:

Џенифер Анистон

Бањата на познатата актерка е уредена во смирувачки тонови, а нејзиниот туш е можеби најдобриот дел од целата просторија. 

Бањата е цела од мермер, со огромна клупа и стаклени врати, а тушот и рачките се од месинг.

Врвот во целата приказна е огледалото под тушот.

golemi-ogledala-i-zlatni-detali-raskoshnite-banji-na-svetski-poznatite-dami-04.jpg

Џенифер Лопез

Бањата на славната пејачка нема мермерни или златни славини, но ѕидот покрај кој се наоѓа тушот е украсен со темен камен, кој на бањата и дава рустикална и пријатна атмосфера.

golemi-ogledala-i-zlatni-detali-raskoshnite-banji-na-svetski-poznatite-dami-06_copy.jpg

golemi-ogledala-i-zlatni-detali-raskoshnite-banji-na-svetski-poznatite-dami-05.jpg

Сијара

Исклучително пространа, туш-кабината во бањата на Сијара е всушност мала соба сама по себе, опкружена со стакло во сиво-бел амбиент со сребрени детали.

Дру Баримур

Според објавите на Инстаграм може да се заклучи дека домот на актерката е исклучително удобен, па на тој начин е уредена и нејзината бања.

Туш-кабината која не е многу голема е украсена со плочки во бела и сина боја.

golemi-ogledala-i-zlatni-detali-raskoshnite-banji-na-svetski-poznatite-dami-02_copy.jpg

Кејт Хадсон

Импресивната када на оваа холивудска актерка се наоѓа во аголот на бањата, чии ѕидови се обложени со тапети во ретро цветен дезен и е опкружена со заоблени стаклени врати и прекрасни златни месинг детали.

golemi-ogledala-i-zlatni-detali-raskoshnite-banji-na-svetski-poznatite-dami-09.jpg

golemi-ogledala-i-zlatni-detali-raskoshnite-banji-na-svetski-poznatite-dami-08.jpg

golemi-ogledala-i-zlatni-detali-raskoshnite-banji-na-svetski-poznatite-dami-07.jpg

С. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги м... Бидејќи Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер Вилис, таа вели дека се чувствувала...
Џенифер Гарнер го прокоментира разводот од Бен Афлек, среде гласините дека ќе си дадат уште една шан... Џенифер Гарнер и Бен Афлек минуваат сè повеќе време заедно и веќе извесен период...
Огромна торта како количка, ја храни саканата како бебе – Марк Ентони и бремената сопруга направија ... Марк Ентони го очекува своето 8-мо дете, a со 30 години помладата сопруга направ...
Детали за мистериозната смрт на актерот од „Маска“: Имал многу повреди на телото, го поврзуваат со о... Питер Грин, актерот што го глуми негативецот во „Маска“, минатата недела беше пр...
Хали Бери (59) се вери со дечкото, по три разводи: „Ми се смачи да ме жалат дека сум кутра и немам с... „Не е точно дека кажав НЕ, секако дека ќе се омажам за него. Во минатото, по 3 р...
Била љубоморна и го „задушувала“, сакал да ѝ раскине: Детали за кризата во врската на Кајли Џенер и ... Иако сега се шпекулира дека можеби ќе се свршат, до неодамна, Кајли и Тимоти мин...

Најчитани неделава