Модно разочарување на Еми наградите 2015: Здодевни фустани и пластични крокс чевли

Овогодинешните Еми награди беа одбележани со неколку карактеристични изгледи. Некои дами блескаа во сјајни светкави фустани, додека пак некои се одлучиле за помалку драматични изгледи, но подеднакво убави и секако едноставни.

sofija-vergata-so-zlaten-dezen-a-hajdi-klum-vo-versace-kako-izgledaa-poznatite-na-emmy-awards-01.jpg

Неколку дами како Софија Вергара, Кери Вашнгтон, Кристина Хендрикс и Клер Дени се појавија во светкави свечени фустани. 

Актерката од добро позната серија „Модерно семејство“, Софија Вергара ги покажа своите облини во сребрен сирена фустан од St. John. Кери Вашингтон носеше фустан во стилот на 20-те од Marc Jacobs.

40-годишната Кристина Хендрикс се појави во црно-златен фустан од Naeem Khan, а Клер Дени светкав фустан од Prada.

Хајди Клум се одлучила за невообичаен дизајн на транспарентен жолт Versace фустан со еден долг ракав и потпетици во иста боја.

24-годишната Сара Хајланд се појави во Zac Posen фустан кој ги истакнува нејзините раменици.

Некои пак се одлучија за чудни комбинации. Бунтовништво или само релаксација, Алан Каминг се одлучил да облече „кроксерки“, а Џоана Њусом беше во чуден розов фустан.

Погледнете како изгледаат познатите на овогодинешните Еми награди:

Би можело да ве интересира:

Аријана Гранде како замотана во јорган – Најдобро и најлошо облечени ѕвезди на Оскари 2024 (фото) Марго Роби ги замени розовите „Барби“ тоалети за црн провокативен фустан, а Ариј...
Се откажала од кариерата како модел, побегнала во САД откако картелите го убиле брат ѝ – помалку поз... Татко ѝ имал ранч со фарма, а затоа што биле финансиски добро ситуирани постојан...
Најубавите парови на доделувањето на Греми 2024 (фото) Дејвид Гета и девојката Џесика, Криси Тајген и Џон Леџенд, но и Мајли Сајрус со ...
„Не сакам да бидам стара мајка“: Софија Вергара откри зошто се разведоа со Џо Манганиело „Џо сакаше деца, а јас не. Мојот син има 32 години и јас сум подготвена да бидам...
Барала милионски хонорар за чување деца – Зошто Ванеса Брајант е во лоши односи со мајка ѝ по смртта... „Таа ме контактираше преку адвокати и ми побара 5 милиони долари, куќа и Мерцеде...
Каде се денес актерите од серијата „The Sopranos“ - Тони Сопрано почина, ќерка му боледува од мултип... Американската серија The Sopranos првпат почна да се прикажува на 10 јануари 199...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg