Чарли Шин призна дека е ХИВ позитивен (видео)

По бројните шпекулации околу тоа дали еден од најпознатите актери на денешницата, Чарли Шин, е навистина ХИВ позитивен, тој конечно даде отворена изјава.

carli-shin-prizna-deka-e-hiv-pozitiven-001.jpg

Во екслузивното интервју со Мет Лауер на TODAY тој конечно откри дека е ХИВ позитивен.

„Тука сум да потврдам дека сум ХИВ позитивен“ – изјавил 50-годишниот актер.

„Морам да ставам крај на нападите и шпекулациите околу тоа дека сум го ставил под ризик здравјето на многу луѓе покрај мене“ – додава тој.

Чарли признал дека знаел дека го има вирусот во себе веќе 4 години. Меѓу другото, признал дека потплатил луѓе да ја чуваат неговата тајна, а негира дека заразил некого откако дознал дека е ХИВ позитивен.

Првите шпекулации се појавија во таблоидот The Enquierer, во кој е напишано, дека актерот одамна знаел дека е заразен и го ставил во ризик здравјето на многу луѓе кои не знаеле дека го има вирусот, вклучувајќи ги и неговите поранешни жени.

Признал дека бил уценуван ои дека платил милиони за да ги замолчи.

„Тешко е да се прифати тој збор од само 3 букви. Целосно ви го менува животот“ – објаснил Шин.

Откритието дава појасна слика за проблематичното минато со злоупотребата на дрога, порнографијата и проститутките.

Шин се издигна и стана еден од најпознатите холивудски актери преку неколку препознатливи филмови и ТВ серии, вклучувајќи ги и „Wall Street“, „Red Dawn“ и ТВ Серијата „Two and a Half Men“.

Во последните години, неговата јавна слика драстично се измени откако беше избркан од ТВ серијата која го направи највисоко платениот актер на ТВ серии.

Би можело да ве интересира:

Бурниот брак на Чарли Шин и Брук Мулер – ѝ се заканувал со нож, им ги зедоа децата поради зависности Бракот на Чарли Шин и Брук Мулер дефинитивно е еден од најбизарните – покрај нас...
Џорџина мизерна, Роналдо ја игнорира – Познатиот пар на одмор на Сардинија, по гласините дека ќе рас... Среде бројните гласини дека на нивната врска ѝ се ближи крајот, Џорџина и Роналд...
Амал зрачи елеганција на проекциите на новиот филм на сопругот Џорџ Клуни (фото) Каде и да се појави, Амал Клуни зрачи елеганција, а успева да ги засени сите, ду...
Ги избриша фотките од свадбата, не го носи прстенот – Аријана Гранде ќе се разведува по 2 години бра... Аријана Гранде и Далтон Гомез пред околу два месеца ја прославија втората годишн...
Ја уверил дека е кралица, па не смее да зборува со „обичните смртници“ - Бизарните правила што Канје... „Бјанка за ништо повеќе не размислува сама и едноставно е потчинета на контровер...
Го изневерувала сопругот за да ја остави, во врска е со милионер – Која е манекенката што позираше б... Таа е на прагот од 50-тата година. Отворено зборува за своето скандалозно минато...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg