Бебе Реџа откри дека го загубила бебето по критиките за изгледот на Мет гала: „Се борам со неплодност“
- Детали
- среда, 07 мај 2025
„Преку глава ми е од луѓе кои ја коментираат мојата тежина. Останав бремена, но не успеа, и таа болка ја носам во тишина. Никому не должам да му ја кажам вистината, но можеби сега ќе размислиш двапати пред да коментираш нечиј изглед“ - напиша Бебе Реџа, по критиките од пејачката Азалеа Бенкс.
Бебе Реџа, светската музичка ѕвезда чии родители се родени во Дебар, на 5 мај го имаше своето деби на најголемиот моден настан во светот, Мет гала 2025.
Таа носеше тесен црн фустан со тул и длабоко деколте, креација на Кристијано Сорано.
Но, иако изгледаше одлично и доби многу комплименти на Инстаграм, пејачката беше исмеана поради вишокот килограми, и тоа не од фановите, туку од пејачката Азалеа Бенкс.
„Сестрата ми дава вајб како да има хормонален имплант за контрола на бременост или нешто слично“ - е дел од коментарот на Бенкс, а оставен покрај фотографијата на Реџа.
Овој коментар очигледно ја погодил пејачката, поради што таа ѝ врати преку порака на Твитер.
„Преку глава ми е од луѓе кои ја коментираат мојата тежина. Имам синдром на полицистични јајници и се борам со неплодност.
Останав бремена, но не успеа, и таа болка ја носам во тишина. Никому не должам да ја кажам вистината, но можеби сега ќе размислиш двапати пред да коментираш нечиј изглед“ - напишала Реџа на Твитер, но потоа го избришала твитот.
Дека се бори со неплодност и полицистични јајници, Бебе Реџа откри во 2023 година, кога призна дека одеднаш се здебелила 13kg, а луѓето почнале да ја критикуваат, без да бидат свесни низ што поминувала.
Прочитајте и Бебе Реџа по 12 години се врати во Дебар: Го посети гробот на дедо ѝ, цело село дојде да ја испрати
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





