„Бебето ми паѓаше од вагината, се здебелив 27kg“ – Кајли Џенер откри непознати детали за бременоста
- Детали
- сабота, 16 мај 2026
„Многу нешта се случуваа со мојата вагина. Бев 3cm отворена околу два месеца. Бебето како да паѓаше. Докторот ми рече дека морам да останам во кревет. Имав и многу гадење, но морав да јадам нешто. Во втората бременост качив 27kg и се породив со 95kg“ - Кајли Џенер открива непознати детали за нејзините две бремености.

Кајли Џенер неодамна беше гостинка во ток-шоуто „Therapuss“, каде се отвори на повеќе теми, но зборуваше искрено и за своите две бремености.

Во разговорот, Кајли објаснува како втората бременост ѝ била многу потешка за разлика од првата.

Таа страдала од болки во грбот последните 3 ипол години, но болките се влошиле кога била бремена со синот Ер, а еден ден, во 12-та недела, се разбудила и не можела да оди.

„Имав силни болки од ишијас и болки во долниот дел од грбот. А бев во најдобра форма во животот пред таа бременост, па имав големи очекувања. Навистина сакав да успее“.

Ријалити ѕвездата откри дека кога била бремена со првото дете Сторми, качила 27kg и се породила со 90kg, а со Ер, имала 95kg бидејќи качила 65kg.

Кајли призна дека јадела многу и сакала сладолед секоја вечер, но дека исто така имала и гадење, па ако не каснела нешто, ѝ станувало многу лошо.
Но, освен за болките во грбот и тежината, Џенер откри и необични детали:
„Многу нешта се случуваа со мојата вагина. Бев 3cm отворена околу месец и пол – два месеца. Бебето како да паѓаше. Докторот ми рече дека морам да останам во кревет“.

Инаку, Кајли ја роди ќерката Сторми во февруари 2018, а синот Ер во февруари 2022, а двете деца ги доби со поранешниот партнер Тревис Скот.
Двајцата го делат старателството, а сега таа е во љубов со актерот Тимоти Шалеме.
М. М. | Црнобело