„Правеше забави со малолетнички – имаше по 60 девојки за 3-4 мажи“: Детали за обвиненијата против Џаред Лето
- Детали
- недела, 22 јуни 2025
Со години се шпекулира дека Џаред Лето е предатор кој ги злоупотребува своите млади обожавателки, додека многумина сметаат дека има основано и култ преку својот бенд. Што знаеме за најновите обвиненија против актерот?

Веста дека Џаред Лето преферира (многу) помлади девојки не е ништо ново и со години има шпекулации дека ги заведува, па и силува неговите обожавателки.
Актерот, кој е и фронтмен на бендот Thirty Seconds to Mars, неколкупати организираше настани каде собра бројни негови фанови и во бела облека, налик некој гуру, наводно им држел предава за духовно прочистување.
Фановите плаќале и до 6.000 долари за да можат да доаѓаат на овие собири, а поради фотките што актерот гордо ги споделуваше, многумина ги опишаа како култ.
Со ова, актерот дополнително ги разгоре шпекулациите дека заведува и малолетни девојки и дека собирите што ги организира имаат и мрачна страна.
Неодамна, пак, новинарка од Air Mail напиша колумна во која вклучува разговор со девет жени кои велат дека биле жртви на актерот.
Уште во 2005-та, кога Џаред почна да се прославува, некои извори тврдеа дека им пишувал пораки на девојки на возраст од 16 и 17 години. Тогаш актерот имаше 33 години.
„Тој оди во хотелот Maritime во Њујорк, каде што често има модели на тинејџерска возраст. И, постојано им пишува пораки. Некогаш делува и вознемирувачки“.
Сега, една од наводните жртви на актерот вели дека ова не се случувало еднаш или двапати, туку било норма за него.
Жената вели дека во 2006-та, кога имала 16 години, Џаред ѝ пришол во кафетерија во Лос Анџелес.
„Ме фати за раката и го здогледав. Поразговаравме накратко и ми го побара бројот. Неколку дена подоцна ми се јави, среде ноќ. Не знам дали беше пијан или под дејство на дрога, но имаше чуден, одвратен глас“, раскажува жената.
Имено, ѝ се јавил за да ја покани на забава што ја организирал во неговиот дом, но таа одбила. Џаред продолжил да ѝ пишува и по недела-две, почнал дури и да ѝ се додворува.
„Ми пишуваше и ми се јавуваше, секогаш по полноќ. И, одеднаш почна да ме прашува недолични работи, како дали сум имала дечко, дали некогаш сум имала орален секс. Гласот со кој зборуваше ме плашеше“.
