Мис Универзум: „Сè уште го прашувам мојот менаџер дали навистина победив“

Мис на Филипини објаснува што точно мислела откако Стив Харви по грешка ја најави Мис Колумбија како Мис Универзум за 2015-та година.

mis-univerzum-2015ta-zad-scenata-01.jpg

Неколку минути откако Харви ја прогласи Ариадна Гутјерез од Колумбија како Мис Универзум, се врати на сцената за да каже дека погрешил, Мис Универзум е Пиа Алонзо од Филипините.

mis-univerzum-2015ta-zad-scenata-1.jpg

„Бев збунета. Не знаев што се случува. Не очекував дека ќе се случи сето ова“ – објаснува победничката на овој настан.

„Се двоумев дали да пристапам напред на бината, бидејќи не бев сигурна дека и тоа е само уште една грешка. Барав знаци од вработените, но и тие беа збунети“ – додава.

Мис на Филипините не била сигурна дека е победничка сè додека не и бил назначен менаџер кој ја потврдил информацијата.

„Морав да го прашам мојот менаџер неколкупати дали е грешка.... Навистина победив? Јас сум Мис Универзум?“ – објаснува Алонзо.

Мис Универзум за 2015-та сè уште не знае што да и каже на Мис Колумбија, па чека некој иден посталожен момент кога ќе може да и се извини за она што се случи на сцената.

Од друга страна пак, Мис Колумбија грациозно се соочи со ситуацијата велејќи дека „сè се случува со причина“.

 

A message from Miss Universe Colombia.

Posted by Miss Universe on Sunday, December 20, 2015

Би можело да ве интересира:

Марк Ентони ја бакнува 24-годишната сопруга, а Парис Хилтон блесна во фустан со кристали на Billboar... За разлика од претходните години, на овогодишното издание на Billboard Latin Mus...
Познати личности од раните 2000-ти кои заборавивме дека постојат Се сеќавате на Тејлор Лотнер кој го глумеше Џејкоб во серијалот Twilight? Се ...
Фото-споредби: Познати дами кои имаат направено корекција на очните капаци Парис Хилтон и Блејк Лајвли се мал дел од познатите жени кои имаат направено бле...
Му роди 2 деца, никој не ја забележа од неговата бунда – Ашер се ожени во Лас Вегас по настапот на S... „Ние, очигледно, си ветивме дека ќе бидеме заедно цел живот заради децата и нави...
Амал зрачи елеганција на проекциите на новиот филм на сопругот Џорџ Клуни (фото) Каде и да се појави, Амал Клуни зрачи елеганција, а успева да ги засени сите, ду...
Забавни моменти што ги одбележаа Златни Глобуси 2024 + најсмешните твитови за настанот Невкусните шеги на водителот, Бредли Купер со мајка му, како и бакнежот на Кајли...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg