Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Зошто фустанот на Ема Вотсон заслужува најголемо внимание денес?

Актерката Ема Вотсон на својот Фејсбук профил објави краток пост како благодарност до луѓето од Calvin Klein и Eco Age кој ѝ помогнале да го направи својот фустан од соништата - а, нејзината објава веројатно ќе ви покаже дека на познатите не секогаш им е важен само гламурот.

ema-vatson-so-emotivna-objava-na-fejsbuk-01.jpg

„Ви благодарам Calvin Klein & Eco Age за прекрасната соработка и креирањето на овој неверојатен фустан.

Горда сум што можам да кажам дека носам вистински одржлив фустан кој претставува врска меѓу мене и сите луѓе кои имале некаква улога во синџирот на креирање на истиот.

Основата на фустанот е направена од три различни ткаенини сите добиени како плетка направена од рециклирани пластични шишиња.

Пластиката е еден од најголемите загадувачи на планетата.

Па, тоа што бев во можност повторно да го употребам овој отпаден материјал и да го вклучам во мојот фустан за #MetGala докажува која е моќта на креативноста, технологијата и модата кои можат заедно да функционираат.

Секој дел од овој прекрасен фустан е направен од рециклирани материјали, дури и оние кои не се забележуваат.

Патентите на фустанот се направени од рециклирани материјали, а внатрешниот корсет на фустанот од органски памук.

Конвенционалниот памук е еден од оние производи кој за своето производство бара и големи количини на штетни хемикалии.

Органскиот памук од друга страна, се одгледува без употреба на штетни материи и е подобар за околината и луѓето кои работат на плантажите.

Органската свила која е употребена во поставата на фустанот е сертифицирана по стандард кој гарантира нависоки социјални и еколошки стандарди во текот на производството.

Моја цел е и понатаму одново да ги употребам материјалите кои беа искористени за овој фустан и понатаму да се појавам со истите на црвениот тепих.

Едвај чекам повторно да направам ваков експеримент.

Убавите работи вреди да бидат одново и одново носени.“

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мрачната приказна за првата сопруга на Том Хенкс - била проблематична, ги малтретирала децата Том Хенкс веќе речиси 4 децении е во среќен брак со Рита Вилсон, но пред тоа акт...
Децата на Пи Диди му се јавија на тато во затвор за роденден – некогаш славеше со оргии, сега зад ре... Наместо кавијар, доби каша и овес. Наместо луксузна забава со познати личности, ...
„Снимал детска порнографија со него, па ја продавал“ – Зошто твитерџиите тврдат дека и Џастин Бибер ... Видео на кое се гледа како Џастин Бибер навидум има интимни односи со еден од го...
Актери кои се прославија поради своите познати родители, но докажаа дека имаат и талент Фановите велат дека Анџелина Џоли одамна го надмина татко ѝ Џон Војт кој ѝ помог...
Експериментирал со хомосексуални врски, се борел со зависности – Помалку познати факти за Том Харди Во една пригода откри дека бил подготвен да ја продаде и мајка му за да најде оп...
9 познати дами кои изгледаат како да го имаат еликсирот за вечна младост  Рис Витерспун на 48 години изгледа како девојка во 30-тите години, Калиопи на 57...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg