Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Стареењето е природна работа: 5 актерки кои рекоа „не“ на пластичните операции

Славните личности се познати по тоа дека се редовни посетители кај пластичните хирурзи за да го постигнат невозможното – холивудскиот тренд на вечна младост.

stareenjeto-e-prirodna-rabota-5-akterki-koi-rekoa-ne-na-plasticnite-operacii-01

Некои ѕвезди со текот на времето претеруваат, но има и онакви кои никогаш не легнале под нож и кои сакаат природно да стареат.

Ова се дел од ѕвездите кои рекоа „не“ на пластичните операции:

1. Салма Хајек

Таа има 48 години, но на неа тоа не се гледа. Таа неколку пати е прогласена за најубава актерка, а тоа е благодарение на природната убавина. Хајек признала дека размислувала за ботокс, но брзо ја отфрлила идејата бидејќи размислувала што му се случува на лицето и мускулите по вбризгувањето.

stareenjeto-e-prirodna-rabota-5-akterki-koi-rekoa-ne-na-plasticnite-operacii-1.jpg


2. Ема Томпсон

Англиската 55-годишна актерка, не само што не посетува естетски хирурзи, туку заедно со својата колешка и пријателка – актерката Кејт Винслет покренаа британска лига против пластичната хирургија. Актерките се заколнале дека никогаш нема да одат на ниеден тип на зафат, нити дека ќе примаат ботокс.

Томпсон еднаш изјавила дека пластичната хирургија не е нормална работа, но дека се креирала култура која вели дека тоа е потполно нормално.

stareenjeto-e-prirodna-rabota-5-akterki-koi-rekoa-ne-na-plasticnite-operacii-2.jpg


3. Џоди Фостер

Џоди Фостер, која моментално има 52 години, се противи на пластичната хирургија и не сака да го врати својот младешки изглед. Таа изјавила дека попрво би сакала да чуе дека има грд нос отколку лошо направена операција на носот.

stareenjeto-e-prirodna-rabota-5-akterki-koi-rekoa-ne-na-plasticnite-operacii-3.jpg


4. Џулија Робертс

Оваа 47-годишна актерка позната по својата насмевка, дури 11 се пати се нашла на листата најубави жени во светот и тоа без помош на пластичен хирург. Таа признала дека еднаш пробала ботокс, но дека замрзнатоста на лицето (што е нормална појава при ботокс) никако не ѝ се допаднала и брзо го извадила.

Џулија исто рекла дека има 3 деца кои би требало да знаат какви емоции таа чувствува во моментот кога ги чувствува, а ботоксот го оневозможува тоа.

stareenjeto-e-prirodna-rabota-5-akterki-koi-rekoa-ne-na-plasticnite-operacii-4.jpg


5. Џејми Ли Кертис

Уште една актерка која има 56 години, стареењето го смета за потполно нормално и не го разбира стравот од стареење. Кертис еднаш рекла дека не верува дека со зборот „стареење“ се користи и зборот „анти“ и дека стареењето е нормална човечка еволутивна појава и дека кога-тогаш сите ќе остариме.

stareenjeto-e-prirodna-rabota-5-akterki-koi-rekoa-ne-na-plasticnite-operacii-5.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Пред 20 години стана татко, па призна дека е геј - Се сеќавате ли на Данкан Џејмс од Blue? За многумина најубавиот член на британскиот бенд Blue отсекогаш бил Данкан Џејмс...
Абортус, изгубена невиност со постара жена - Најголемите скандали што славните ги открија во своите ... Парис Хилтон била силувана од постар маж во осмо одделение, Лиза Мари Присли рас...
8 познати парови чија љубов трае долго и покрај големата разлика во годините Џеј Зи е 12 години постар од Бијонсе, а Мајкл Даглас им 25 години повеќе од сопр...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Камила Кабејо за нејзиното прво сексуално искуство: „Имав 20 години, беше многу убаво“ Во ново интервју, Камила Кабејо откри дека првата љубовна врска ја почнала на 20...
Славни личности кои трагично го изгубија животот пред 30-тиот роденден Курт Кобејн имаше само 27 години кога си го одзеде животот поради проблемите со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg