Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


5 ѕвезди кои никој не знае зошто и како се славни

Ким Кардашијан не е единствената која „без никаков талент“ направи милиони и бренд од своето име и семејство.

5-dzvezdi-koi-nikoj-ne-znae-zosto-i-kako-se-slavni-001.jpg

Има многу ѕвезди кои и пред и по неа го направиле ова, како на пример пријателката Парис Хилтон.

Имиња и ликови кои сигурно ги знаете и ги сметате за ѕвезди, но никако не можете да им го откриете талентот:

1. Парис Хилтон

Во ред е, богата е и има луксузен живот, меѓутоа нема никаков талент, барем не некој кој јавно испливал на површината. Проба да пее, да биде модел, но ништо од тоа долготрајно не успеа. Сепак, кога некој ќе каже Парис Хилтон, сите ја знаат слабата русокоса со минијатурно куче во рака.

5-dzvezdi-koi-nikoj-ne-znae-zosto-i-kako-se-slavni-1.jpg

2. Ким Кардашијан

Ако домашното секс видео го сметате за талент, во ред. Меѓутоа освен скап начин на живот, дизајнерска облека и луксузни автомобили, како и присуствување на најважните црвени теписи, Ким Кардашијан нема друг талент. Сепак, успеа своето презиме да го вметне во едни од највлијателните.

5-dzvezdi-koi-nikoj-ne-znae-zosto-i-kako-se-slavni-2.jpg

3. Амбер Роуз

Некогашна стриптизета и сопруга на Виз Калифа со кого има синче. Ако ја пребарате по професија, веројатно ќе добиете титули како модел, рапер, актер и моден дизајнер, но никој не ја памети по некој успешен проект од таа област, туку како згодна жена со раскошни облини.

5-dzvezdi-koi-nikoj-ne-znae-zosto-i-kako-se-slavni-3.jpg

4. Тара Рид

Иако имаше филмски испробувања во минатото, Тара Рид никогаш не оствари посебна кариера, а сепак сите ја знаат.

5-dzvezdi-koi-nikoj-ne-znae-zosto-i-kako-se-slavni-4.jpg

5. Блек Чајна

Уште еден „модел и забавувач на социјалните мрежи“ кој сите го знаат. Врската со Роб Кардашијан, Тајга и љубовниот триаголник со Кајли Џенер е она што ја прави позната.

5-dzvezdi-koi-nikoj-ne-znae-zosto-i-kako-se-slavni-5.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Меган Фокс се породи - Доби ќерка со Машин Ган Кели, среде љубовните драми и неговите контакти со др... Машин Ган Кели објави видео како со налакирани, излупени нокти ја гали новороден...
Тврди дека 9 години немал секс, се чува за вистинската – Помалку познати факти за Лени Кравиц Потекнува од семејство на познати родители, но на почетокот на кариерата морал д...
5 славни жени тврдат дека се посреќни кога се сингл: „Не ми треба маж кој ќе се однесува како дете“ „Решив веќе да не одам на љубовни состаноци, зашто долго време не чувствував иск...
Ким Кардашијан се појави на суд со драматичен стајлинг и накит од 7 милиони долари - се соочи со кра... Ким Кардашијан се појави со драматичен стајлинг и накит од 7 милиони долари и из...
Му рекле дека умира од рак, се ожени за 38 години помлада жена – Каде е и што прави денес Долф Лундг... Во 2021-ва година му рекле дека има само уште неколку години живот, но благодаре...
Бјанка Сенсори (30) се прошета речиси гола, по танга боди, во Шпанија - по новите скандали на Канје ... И додека Канје Вест изнесува лажни обвиненија против бившата Ким Кардашијан во в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg