Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Меланија Трамп згодна во костим со војнички стил од 4.000 долари (фото)

Вистинско модно соочување се случи на последната средба помеѓу американскиот претседател Доналд Трамп и аргентинскиот претседател Маурицио Макри. Нормално, соочувањето беше помеѓу нивните прекрасни сопруги кои беа во центарот на вниманието.

Melanija-Tramp-zgodna-vo-kostim-so-vojnicki-stil-od-4000-dolari-01.jpg

47-годишната сопруга на американскиот претседател носеше впечатлив костим инспириран од војничкиот стил од последната пролетна колекција на луксузниот бренд „Altuzarra“.

Сакото кое го носеше Меланија чии рабови се обрабени и имитираат дезен на питонска кожа чини неверојатни 2.995 долари, додека здолништето во истиот стил чини дополнителни 1.120 долари.

Модниот стил на сопругата на аргентинскиот претседател пак многумина го споредија со оној на војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон.

Интересно е што првата дама на Аргентина Џулијана Авада носеше црвени салонки од брендот „Aquazzura“ во вредност од 695 евра, а се работи за истата компанија која ја тужи најстарата ќерка на Доналд Трамп, Иванка, тврдејќи дека таа е одговорна за копирање на нивни дизајни.

Очигледно постојат многу начини преку кои жените на светските моќници може да си испратат скриени пораки, нели? Модата е само еден од нив.

Погледнете како изгледаа првите дами на САД и Аргентина на последната средба во Вашингтон:

(О)Милена | Црнобело

 

Би можело да ве интересира:

„Тоа е лажна Меланија“ - Меланија Трамп со Доналд на гласање во веќе виден фустан и очила за сонце н... „Таа личност што стои до Трамп и носи огромни очила НЕ изгледа како Меланија“, „...
Славни дами кои трпеле болка (и крвавеле) за фустан на црвен тепих Ким Кардашијан не можела да дише во тесниот корсет за Мет гала 2024, додека Зенд...
Колекција накит вредна милиони, чанти од крокодилска кожа: Како Џорџина му ги троши парите на Роналд... Иако Џорџина и самата заработува, нејзиното богатство, кое се проценува на околу...
Џеј Ло сексапилна на настан со ќерката со момчешки стил – таа е небинарен род, неодамна ја поврзуваа... Еме е копија на нејзината мајка во ликот, но имиџот ѝ е целосна спротивност – са...
Бијонсе купи имот за 200 милиони долари: Најскапите куќи на познатите личности Покрај другите бенефиции кои може да си ги дозволат, славните личности поседуваа...
10 славни мажи кои не се плашат да експериментираат со стилот и фризурата (фото) Бекам ги промени сите можни стилови на фризура, Џаред Лето имаше и розова „четка...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg