Колекција накит вредна милиони, чанти од крокодилска кожа: Како Џорџина му ги троши парите на Роналдо?

Иако Џорџина и самата заработува, нејзиното богатство, кое се проценува на околу 20 милиони долари, не се ни споделува со 500-те милиони на Роналдо. Па, треба да ги користи и неговите пари за да ги задоволи своите желби.

kolekcija-nakit-vredna-milioni-chanti-od-krokodilska-kozha-kako-dzhordzhina-mu-gi-troshi-parite-na-ronaldo-01.jpg

Како еден од најбогатите фудбалери, Кристијано Роналдо заработува околу 300 долари во минута.

Секоја фудбалска сезона, тој заработува скоро 200 милиони долари, а во текот на годината има и дополнителни приходи од рекламни кампањи и слично, во износ од околу 50 милиони долари.

Па, се претпоставува дека денес Роналдо „тежи“ повеќе од половина милијарда.

И неговата сакана, Џорџина Родригез, си има свои приходи од реклами и шоуто на Нетфликс, но нејзиното богатство од околу 20 милиони не се ни споредува со она на Роналдо.

Па, јасно е дека како партнерка и мајка на децата на фудбалерот, голем дел од неговите пари троши и таа.

А, Џорџина обожава да се фали со скапите и луксузни работи што ги купува.

kolekcija-nakit-vredna-milioni-chanti-od-krokodilska-kozha-kako-dzhordzhina-mu-gi-troshi-parite-na-ronaldo-02.JPG

Како Џорџина му ги троши парите на Роналдо?

Скап накит

Џорџина Родригез може да се пофали со колекција накит вредна над 2 милиони долари. Според некои извори, досега вредноста на колекцијата веројатно достигнала и четири милиони.

А, Роналдо ѝ купил цел ковчег од брендот Louis Vuitton во кој може да ги чува сите обетки, прстени, белегзии.

Само ковчегот за накит чини над 100.000 долари.

kolekcija-nakit-vredna-milioni-chanti-od-krokodilska-kozha-kako-dzhordzhina-mu-gi-troshi-parite-na-ronaldo-03.JPG

Џорџина има парчиња накит од најлуксузните брендови како дијамантско ланче кое чини 80.000 долари, ѓердан кој чини скоро милион долари, прстен со сафир од 750.000 долари…

Брендирана облека

На секој настан, Џорџина носи брендирана облека.

Но, таа сака луксузни парчиња дури и кога е на одмор и на секоја Инстаграм фотка „од глава до пети“ е во нешто скапо.

kolekcija-nakit-vredna-milioni-chanti-od-krokodilska-kozha-kako-dzhordzhina-mu-gi-troshi-parite-na-ronaldo-04.JPG

Џорџина е забележана со обични шорцови кои чинат над 500 евра, а според некои извори, со Роналдо дури и за чорапи трошеле мало богатство бидејќи носеле само брендирани.

kolekcija-nakit-vredna-milioni-chanti-od-krokodilska-kozha-kako-dzhordzhina-mu-gi-troshi-parite-na-ronaldo-05.JPG

Чанти

Џорџина има и импресивна колекција чанти, вклучувајќи и модел од крокодилска кожа кој чини над 150.000 долари.

kolekcija-nakit-vredna-milioni-chanti-od-krokodilska-kozha-kako-dzhordzhina-mu-gi-troshi-parite-na-ronaldo-06.JPG

Таа редовно ги „рекламира“ нејзините чанти на Инстаграм и познато е дека поседува и по неколку модели од Prada, Hermès Birkin, Chanel

Патувања

Џорџина и Роналдо често патуваат со нивните деца и не штедат и во овој случај.

Имаат отседнувано во хотели каде една ноќ чини неколку илјади долари.

Кога се преселија во Ријад, плаќаа и над 250.000 долари месечно само за сместување.

Покрај опседнувањето по хотели, овде се и скапите патувања со јахтата.

Иако јахтата не е на Џорџина, секое патување со неа чини мало богатство поради горивото, но и готвачите и хигиеничарите.

Џорџина често го користи и приватниот авион на Роналдо.

Излегувања

Дури и на најобично излегување, Џорџина (заедно со Роналдо) знае да потроши солидна сума.

Покрај скапите аутифити, Џорџина има потрошено неколку илјади долари за 15-тина минути во ресторан.

Всушност, со Роналдо имаат навика да купуваат скапи вина и други пијалаци кои чинат и до 18.000 долари шише.

kolekcija-nakit-vredna-milioni-chanti-od-krokodilska-kozha-kako-dzhordzhina-mu-gi-troshi-parite-na-ronaldo-07.JPG

Скапи подароци за Роналдо

Не само Џорџина добива подароци – некогаш и таа сака да го изненади Роналдо.

Можеби најпопуларниот и најскапиот подарок што му го има купено е автомобил Mercedes кој чини околу 100.000 долари.

Погледнете и: Приватен авион од 20 милиони за него и Џорџина, палата од 30 милиони за пензионирање – Како Роналдо го троши богатството?

kolekcija-nakit-vredna-milioni-chanti-od-krokodilska-kozha-kako-dzhordzhina-mu-gi-troshi-parite-na-ronaldo-08.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Била заљубена во негов пријател, имаат дете, но не се во брак - Љубовната приказна на Ерлинг Халанд ... „Таа се сеќава дека ме видела многу пати кога бевме помлади, но јас не се сеќава...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
„Бев една од жртвите на Р. Кели, раперот полош и од Диди – од 13 години ме држеше како робинка, тетк... Решона Ландфер е една од многуте жртви на Р. Кели и вели дека раперот почнал да ...
Ја освои Карла Бруни, спиел со над 4.000 жени, сега има 44 години помлада девојка: Љубовниот живот н... Поранешната сопруга ја изневери со Карла Бруни, девојката што искрено ја сакаше ...

Најчитани неделава