Од сиромаштија и партали, до слава: Животот на Крис Прат


Од сиромаштија и партали, до слава: Животот на Крис Прат

Холивускиот миленик кој сè почесто го гледаме на филмските екрани немал толку славен почеток. Како голем дел од актерите кои морале да поминат буквално низ пекол за да стигнат до огромната слава, така и овој актер има извонредна приказна.

transormacijata-na-kris-pret-1

На само 17 години се отпишал од факултет и борејќи се за средства за преживување открил дека има природен талент за продажба од врата на врата.

Работел како продавач на купони цели две години.

За неговата работа тој вели дека завршил во таква маркетиншка пирамида, што ако работиш премногу и ако успееш на твојот шеф да му донесеш многу пари, можеби еден ден ќе успееш да имаш твоја канцеларија.

Но, сепак од работата научил многу, да биде трпелив, да создава добри односи со луѓето и да има огромна енергија.

transformacijata-na-kris-pret-2

Откако ја напуштил таа работа, неговиот прв ангажман во шоу бизнисот бил како стриптизер во неговиот роден град. Тој вели дека тоа било многу по евтина верзија на Magic Mike.

Назад во `90-тите кога тој можел само да го сонува црвениот тепих на 20 години се преселил во Хаваи откако негов добар пријател му кажал дека животот на Хаваи е рај.

Патните трошоци му биле покриени, а имал и сместување. Кога отишол таму видел дека всушност неговиот пријател живеел во мини комбе излепено со Скуби Ду стикери.

Но, сепак тој вели дека не е исто да си бездомник во Чикаго и на Хаваи. Таму работел 15-20 часа неделно и деновите ги поминувал пиејќи и пушејќи марихуана, а многу често спиеле во шатори по плажите. Тој вели дека во тој период од животот се чувствувал вистински слободен.

transformacijata-na-kris-pret-3

Додека работел како келнер на една од неговите привремени работи, служел некоја позната актерка и режисер кој барал актер за нов филм кој ќе го снима.

Режисерот бил импресиониран од неговиот ентузијазам и го однел на аудиција во Лос Анџелес.

Филмот бил ужасен и неговата глума не била воопшто добра, но на некој начин му се отвориле вратите на Холивуд.

Од филмот заработил 700 долари и некако успеал со нив да живее речиси цела година и потоа повторно се вработил како келнер.

transformacijata-na-kris-pret-4

Крис Прат имал огромна љубов кон храната. Еднаш на некое снимање изедол 4 ручеци за Денот на Благодарноста. Еден период имал огромен проблем со тежината сè додека не ја направил познатата холивудска трансформација.

transformacijata-na-kris-pret-5

Првпат почнал да заработува од актерството кога глумел во шпионска акција во 2003 година.

Филмот не бил воопшто популарен, но бил платен добро. Од таму работите тргнале на добро кога почнал да глуми во позната ТВ серија „Everwood“, а брзо потоа и во „O.C.“.

Вистинската слава ја постигнал кога глумел во „Guardians of the Galaxy“ и „Jurassic World“.

transformacijata-na-kris-pret-6

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

По 15 години молк, мajката на Кејт Мидлтон го даде првото интервју - како е да имаш зет принц? Мајката на Кејт и Пипа Мидлтон го даде првото интервју и проговори за тоа колку ...
Бил Гејтс јаде бургери, а Барак Обама лосос: Што ручаат познатите? Сигурно и вие како и сите останати, некогаш сте помислиле дека славните и богати...
Татко на 69 години: Ричард Гир доби син со 33 години помладата сопруга 69-годишниот Ричард Гир и 35-годишната Алехандра Силва го добија нивното прво за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg