Како изгледале супермоделите во '70-тите и '80-тите?
- Детали
- сабота, 03 јуни 2017
Во време на многу „самопрогласени“ Инстаграм модели, да се потсетиме на едно време, во кое Фотошопот сè уште не постоел, а уникатната убавина била посебно ценета.
За некои од нив, може да се каже дека дури и после 4 децении, без проблем можат да им конкурираат на многу од денешните модели.
Еве како изгледале познатите супермодели во '70-тите и '80-тите:
Иман
Иман сега има 61 година. Таа е сомалиски супермодел, кој подоцна почна да се занимава со актерство и има своја сопствена козметичка линија. Била муза на дизајнери како Calvin Klein, Yves Saint Laurent и Donna Karan.
Била откриена од фотограф додека студирала во Кенија, a благодарение на нејзината егзотична убавина и совршени црти, таа стана еден од најпознатите модели.
Синди Крафорд
Синди Крафорд е позната како еден од најинтелигентните модели. Таа пред да стане супермодел, студирала хемиско инженерство. Откако во 1982 година победила на изборот за убавина на Elite Model Management, таа станала миленик на aмериканската јавност.
Синди е една од најрекламираните модели и успеала да заработи огромно богатсво од манекенската кариера. Таа денес има 51 година.
Кристи Бринкли
Кристи Бринкли била инспирација за познатата песна „Uptown Girl“ на Били Џоел, со кој имала многу скандалозна врска. Всушност, таа никогаш немала желба да стане модел, па дури еден период размислувала и да се откаже.
Се прославила откако ја забележал еден американски фотограф на улиците во Париз. Била вистинска ѕвезда кон крајот на '70-тите и почетокот на '80-тите години - се појавила во многу кампањи на Chanel, а на насловната страна на Sports Illustrated, била три години по ред.
Денес има 63 години и може да се каже дека изгледа подобро од било кога.
Ел Макферсон
Ел Макферсон сè уште гордо го носи прекарот, „The Body“ (телото). Таа своевремено многупати ја красела насловната страна на Sports Illustrated Swimsuit Issue. Таа почнала да се занимава со моделство, за да може да заработи пари за нејзиното студирање на Правен факултет.
Се преселила во Њујорк само на една година додека заработи, меѓутоа за многу брзо време успеала да се прослави. Сега има 53 години, а има поубаво тело од повеќето 20-годишни манекенки.
Клаудиа Шифер
Германскиот модел Клаудиа Шифер, своевремено со својата руса коса неверојатно многу личела на Брижит Бардо. Самиот Карл Лагерфилд, ја избрал да биде заштитно лице на Шанел многпати.
Оваа убавица исто така има своја модна линија и произведува квалитетни парчиња облека од кашмир. Неверојатно е ценета за нејзината хуманитарна работа за UNICEF. Клаудиа Шифер денес има 46 години.
Кристи Турлингтон
Кристи Турлингтон и на 48 години сè уште е модел. Нејзината кариера започнала кога некој фотограф ја сликал додека јавала коњ, a таа слика подоцна се нашла во рацете на познат агент.
Таа е најпозната по нејзината соработка со Maybelline, а ја има красено и насловната страна на над 300 изданија на познати магазини. Кристи Турлингтон се појавува во видеото за песната на Џорџ Мајкл, „Freedom“.
Џeнис Дикинсон
Џeнис Дикинсон е позната како еден од првите супермодели во светот. Нејзината кариера започнала во раните '70-ти. Била откриена од познат фотограф, а пред тоа била многупати одбивана од познати модни агенции.
Откако се прославила, била на многу насловни страни на списанија како Marie Claire. Таа денес има 62 години и е познат писател, фотограф и ловец на таленти.
Џиа Каранџи
Џиа станала модел кога имала само 17 години, а таа е позната по контроверзната кариера - нејзината бисексуалност, слобода за голотија пред камерите и зависност од хероин.
Нејзината кариера е портретирана во филмот „Gia“, во кој ја глуми Анџелина Џоли. Џиа трагично умира на 26 годишна возраст, по долга борба со зависност од дрога и компликации со СИДА.
А. В. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





