Славни мајки кои за кратко време по породувањето се вратиле во одлична форма

Да си ја вратите формата на телото по бременоста и породувањето може да биде навистина многу тешко.

5-slavni-majki-koi-za-kratko-vreme-po-poragjanjeto-se-vratile-vo-odlichna-forma-01.jpg

На повеќето мајки им е потребно минимум 1 година за да го постигнат тоа.

Но, познатите личности не можат да си дозволат таков луксуз и мораат многу побрзо да го вратат теллото во неговата совршена форма.

Ова се тајните на 5 ѕвезди кои за кратко време по породувањето веќе изгледаа совршено и објавуваа фотки на Инстаграм:

Оливија Вајлд

2 месеци по раѓањето на нејзината ќерка, таа морала повторно да почне да работи, а нејзината фигура изгледа потенко дури и од претходно. Брзата трансформација актерката ја постигнала со редовен тренинг во теретана.

Наталија Водјанова

Таа стана мајка по 5-ти пат, а само 2 недели по породувањето супермоделот веќе беше дел од шоуто за пролет/лето 2017 на Givenchy. По 2 месеци таа целосно се врати во форма. Способноста за брзо опоравување вели дека ѝ е наследна, но исто така вежбањето и специјална диета според крвна група помогнале во нејзината цел.

 

Блејк Лајвли

Актерката само по 2 месеци од раѓањето на второто дете се појави со нејзината неверојатна фигура на црвениот тепих. За да го постигне тој ефект, таа постојано јадела правилно и практикувала јога.

Кендис Сванапул

Моделот на Victoria's Secret го роди првото дете минатата година во октомври, а веќе 3 месеци подоцна таа објави фотографија во бикини каде може да се забележи нејзиното совршено тело.  За да се врати во форма, таа постепено го зголемувала и засилувала вежбањето, редовно пливала и одела на масажи.

Ирина Шајк

Во март оваа година таа ја роди нејзината ќерка, а во бременоста се здебелила 15 килограми. Но, само 1 месец по породувањето таа се појави во јавност и изгледаше одлично. За да се ослободи од вишокот килограми, моделот имаше личен тренер со кој тренираше по интензивна програма. Во програмата беа вклучени диета, масажа и пилатес.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Славни парови кои беа верени, но никогаш не стапија во брак (нивната ретро љубов буди носталгија) Дали некој од вас воопшто памти дека Никол Кидман и Лени Кравиц беа во врска, па...
Славни личности кои си личат толку многу што и фановите не можат да ги препознаат За Пенелопе Круз и Салма Хајек како на сите да им требаат неколку секунди за да ...
Ен Никол Смит, Елвис Присли: Славни личности кои имале досие во ФБИ (и зошто) Од ФБИ мислеле дека Ен Никол Смит сакала да го убие синот на нејзиниот сопруг ми...
5 славни жени тврдат дека се посреќни кога се сингл: „Не ми треба маж кој ќе се однесува како дете“ „Решив веќе да не одам на љубовни состаноци, зашто долго време не чувствував иск...
Тајните на Меланија Трамп за фит тело и беспрекорен изглед на 54 години Завршува домашни активности со тегови на нозете, денот го започнува со смути или...
Славни личности кои добија вонбрачни деца во тајност (од афери) Додека да наполни 11 години, Лив Тајлер ни самата не знаела дека е ќерка на пеја...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg