Рита Ора ја ископира Halloween маската на Ким Кардашијан од 2011-та (фото)
- Детали
- петок, 27 октомври 2017
Кога станува збор за Halloween, славните личности посебно вложуваат труд за да имаат беспрекорни маски и досега многупати докажале дека резултатот е успешен.
Во 2011-та, на забава по повод Halloween во Њујорк, Ким Кардашијан имаше одлична маска за која очигледно многу се потрудила.
Ким се маскираше во Отровната Ајви, а сега, 6 години подоцна, на забава во Лондон, Рита Ора се појави со истата маска.
Пејачката беше облечена во краток зелен костим декориран со листови, комбиниран со зелени мрежасти хулахопки и зелени шпиц штикли.
Нејзината руса коса ја покрила со долга црвена перика, а вегите ги украсила со светкави детали.
Во костимот таа ги покажа нејзините облини, исто како и Ким Кардашијан во 2011-та. Останува само да одлучиме - која од нив има подобра маска?
Погледнете како изгледаше Рита Ора маскирана во Отровната Ајви:
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





