Децата го обожаваат: Моменти во кои принцот Хари покажа дека ќе биде супер татко (фото)
- Детали
- недела, 05 ноември 2017
Миленикот на светската јавност има топло срце и огромна љубов кон најмалите. Причина плус да го сакаме, зар не?
Кога е британското кралско семејство во прашање, принцот Хари е веројатно членот со кого најповеќе се поистоветуваат „обичните смртници“.
Со сигурност е и меѓу најомилените, бидејќи со нескротливиот дух стекна бројни симпатии на луѓето ширум светот.
Меѓутоа, кога сите би знаеле колку Хари е добар со дечињата, веројатно бројот на негови обожавател(к)и би бил уште поголем.
Тој е навистина добар. Можеби дури и подобар од принцот Вилијам, кој веќе е татко на две деца, а го очекува и третото-заедно со Кејт Мидлтон, војвотката од Кембриџ.
Низ годините, тој изгради репутација на принц кој е пресладок во однесувањето кон малите деца.
Се ведне да разговара со нив, ги гушка, држи во раце, а најсимпатичен е кога им прави смешни фаци.
А, бидејќи неговата венчавка со Меган Маркл е речиси извесна, може однапред да заклучиме дека Хари ќе биде супер татко.
Во продолжение, погледнете неколку фотки кои ќе ви го стоплат срцето и покажат зошто тоа е така:
М. А. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





