Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Викторија Бекам во интервју за Vogue откри што мисли за својот стил во времето на „Spice Girls“

Модната дизајнерка, која благодарение на нејзината посветеност и работна етика, создаде модна империја се потсети на тинејџерските денови.

viktorija-bekam-vo-intervju-zavogue-otkri-shto-misli-za-svojot-stil-od-vremeto-na-spajs-grls-01.jpg

Викторија Бекам (43) ќе биде дел од декемвриското издание на Vogue. Taa позираше во нејзиниот дом во розови пижами и во интервјуто за светски познатиот магазин се потсети на деновите кога светот го тресеше од треската наречена „Spice Girls“.

viktorija-bekam-vo-intervju-zavogue-otkri-shto-misli-za-svojot-stil-od-vremeto-na-spajs-grls-02.jpg

Таа беше една од петте девојки кои со песните, но и со специфичниот стајлинг го освоија светот. Од денешна перспектива дизајнерката и мајка на четири деца вели: „Дали носев чудна облека? Да! Дали некогаш изгледав несоодветно? Во времето на Спајс Грлс - дефинитивно да!“

Руса коса, многу кадифе, сјајни хулахопки, има многу работи кои Викторија од денешна перспектива не би ги направила повторно.

Таа отворено упатува критики на своја сметка за носењето премногу шминка на лицето во времето на „Spice Girls“. Откри дека најмногу модни експерименти правела во тој период и за голем дел од аутфитити се кае, но сепак порачува дека е одлично да се има храброст за експерименти и да се пробуваат нови работи.

viktorija-bekam-vo-intervju-zavogue-otkri-shto-misli-za-svojot-stil-od-vremeto-na-spajs-grls-03.jpg

Инаку, дизајнерката пред некое време ја шокираше јавноста кога откри дека за време на настапите со групата неа често ѝ го исклучувале микрофонот и пееле само другите девојки.

Но, додаде дека за човек што обожава мода била вистинската работа да се биде дел од светски познат бенд, затоа што тоа значело бесплатни дизајнерски фустани.

Потсетете се на дел од стајлинзите на „Spice Girls“:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Должела над 40 милиони, Дејвид ѝ позајмува пари: Како модниот бренд на Викторија Бекам избегнува бан... Викторија Бекам го лансира нејзиниот моден бренд во 2008 година, а првпат пријав...
Викторија Бекам на крстарење со новата снаа: „Загрижена е бидејќи е 9 години постара од син ѝ Круз“ „Викторија е среќна за врската на Круз, но малку е загрижена бидејќи е скоро 10 ...
„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
Шон Пен и новата 34 години помлада девојка критикувани од јавноста: „Одвратно, некои би направиле сè... Новата девојка на Шон Пен е помлада од неговите деца, а поради фотките на кои ст...
Семејна драма кај Бекамови: Бруклин не зборува со Ромео бидејќи е во врска со негова бивша девојка Новата девојка на Ромео Бекам – Ким – е бивша на брат му Бруклин. Иако Бруклин е...
5 славни жени тврдат дека се посреќни кога се сингл: „Не ми треба маж кој ќе се однесува како дете“ „Решив веќе да не одам на љубовни состаноци, зашто долго време не чувствував иск...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg