Ирина Шајк и Леа - мајка и ќерка во тренди кежуал издание (фото)
- Детали
- петок, 10 ноември 2017
Ирина Шајк ужива во улогата на мајка, откако во март годинава со актерот Бредли Купер ја добија преслатката Леа.
Ирина (31) дефинитивно влегува во категоријата стилски мајки, а доказ за тоа се и најновите фотографии на кои супермоделот е уловен на шопинг во Лос Анџелес со нејзиното 8-месечно бебе.
Нејзиниот кежуал изглед со шик кошула на риги и фармерки со висок струк беше вистински моден погодок.
Руската убавица изгледот го заокружи со кожени чизми. Биркин чанта и црвен Гучи паричник.
Малата Леа пак изгледаше како ангелче во белата комбинација заокружена со прекрасната панделка на главата.
Ирина Веќе се врати на модните писти, а од неодамна започна и со земање на часови за возење, докажувајќи дека никогаш не е доцна за ништо во животот.
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





