Миранда Кер и Иван Шпигел го очекуваат првото заедничко дете
- Детали
- четврток, 16 ноември 2017
Миранда Кер и нејзиниот сопруг, основачот на Snapchat, Иван Шпигел го очекуваат нивното прво заедничко дете.
Миранда има еден син, 6-годишниот Флин, од претходниот брак со Орландо Блум, а сега откри дека очекува уште едно дете со Иван.
Нејзиниоt ПР за медиумите изјави: „Миранда, Иван и Флин со нетрпение чекаат да му посакаат добредојде на најновиот член во нивното семејство.“
Порано, додека беа во врска, моделот имаше изјавено дека не планираат бебе, барем не додека не се венчаат, бидејќи нејзиниот партнер е многу традиционален, но со запросувањето во 2016-та работите се променија.
Неколку месеци по тајната свадба на која Миранда блесна во прекрасна Dior венчаница во мај оваа година, им се исполни и желбата за дете.
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





