Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Холивудски ѕвезди кои биле фатени како крадат

Од Линдзи Лохан до Кеша, листата на актерки и пејачки што посегнале по нешто туѓо може да ве изненади.

holivudski-dzevdi-shto-bile-fateni-kako-kradat-01.jpg

Многу холивудски ѕвезди  имале моменти на нестабилност во животот кога направиле неморални дела како што е кражбата.

Но, некои од нив краделе затоа што немале за леб, други од опсесија, а трети поради ментална криза.

Кои познати актерки и пејачки биле уловени на кражба:

Кеша

Дали се смета крадењето за преголем грев ако го правите тоа за да преживеете?

Кеша го правела тоа затоа што живеела како бездомник. Пејачката не можела да си ги обезбеди ниту нејзините основни потреби, па крадела храна.

holivudski-dzevdi-shto-bile-fateni-kako-kradat-02.jpg

Фара Фасет

Фара Фасет отсекогаш била позната по прекрасната руса коса.

Но, актерката и модел е позната и по неколку апсења во 1970-тите кога била фатена како краде облека од бутици.

holivudski-dzevdi-shto-bile-fateni-kako-kradat-04.jpg

Бритни Спирс

Во 2007 година пејачката доживеа огромна криза пред очите на јавноста. Таа минуваше низ ментална криза и направи драстични потези како комплетно бричење на главата.

Наводно, потоа била фатена како краде перика од една продавница. За среќа, една деценија подоцна Бритни изгледа и се чувствува многу подобро.

holivudski-dzevdi-shto-bile-fateni-kako-kradat-05.jpg

Меган Фокс

Во една пригода Меган Фокс призна дека крадела шминка кога била многу помлада и немала многу пари.

Немирната тинејџерка сега е стабилна мајка на три дечиња.

holivudski-dzevdi-shto-bile-fateni-kako-kradat-10.jpg

Линдзи Лохан

Актерката е позната по неволјите што ги прави и проблемите со законот.

Линдзи Лохан во 2011 година, кога беше под условна казна, беше фатена како излегува од продавница за накит со ѓердан од 2.500 долари.

holivudski-dzevdi-shto-bile-fateni-kako-kradat-03.jpg

Винона Рајдер

Оваа актерка беше вмешана во еден од најпознатите инциденти со кражби кај познатите.

Таа во 2001 беше уапсена поради кражба на накит и модни додатоци во вредност од 5.500 долари од продавница на Беверли Хилс. Шанса да работи во Холивуд потоа доби дури во 2006 година.

holivudski-dzevdi-shto-bile-fateni-kako-kradat-08.jpg

Аманда Бајнс

Во 2014 година Аманда Бајнс минуваше низ психотична епизода и преку социјалните мрежи влезе во конфликт со многу луѓе. Таа имаше и јавни испади и инциденти.

Во тоа време беше обвинета и дека украла чанта од 200 долари од продавница во Њујорк.

holivudski-dzevdi-shto-bile-fateni-kako-kradat-09.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Меган Фокс се породи - Доби ќерка со Машин Ган Кели, среде љубовните драми и неговите контакти со др... Машин Ган Кели објави видео како со налакирани, излупени нокти ја гали новороден...
Меган Фокс флертува со Микеле Мороне од „365 Days“, по раскинувањето: „Сигурна е дека Машин Ган Кели... По разделбата со Машин Ган Кели, фановите почнаа да ја поврзуваат Меган Фокс со ...
Меган Маркл издоминира во кул аутфит, со принцот Хари покрај себе, на настан во Њујорк (фото) Хари ја игра улогата на посветен сопруг, а самоуверената Меган повторно е во цен...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Абортус, изгубена невиност со постара жена - Најголемите скандали што славните ги открија во своите ... Парис Хилтон била силувана од постар маж во осмо одделение, Лиза Мари Присли рас...
Имаше рак на дојка, се откажа од децата што му ги роди: Втората сопруга на Мајкл Џексон изгледа непр... Мајкл Џексон и Деби Роу се венчаа во тајност во 1996-та и добија две деца – Пари...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg