Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Меланија Трамп блеска покрај Доналд во три различни модни комбинации (фото)

Додека наоколу се шират гласини за статусот на бракот на Меланија и Доналд Трамп, како и за неговото неверство, парот очигледно ги игнорира и се појавуваат во јавност со целосна доминација.

melanija-tramp-bleska-pokraj-donald-vo-tri-razlichni-modni-kombinacii-foto-01.jpg

Последниве неколку дена тие се забележани неколкупати, а секако, Меланија Трамп не нè разочара на ниту едно нејзино појавување и блескаше во секоја комбинација.

Викендов, претседателот на САД и првата дама, беа забележани како излегуваат од нивниот авион кога пристигнаа во Флорида, заедно со синот Барон.

Меланија беше облечена во лежерна комбинација – тесни фармерки со темна блуза и впечатлив црвен капут од кашмир и црвена чанта.

Тие викендот го поминаа во ресортот Мар-а-Лаго, каде го проследија 52-то издание на Super Bowl, a на забавата по тој повод, во неговиот Голф клуб, беа придружени од мажоретки и оркестар.

За нивниот дочек и настанот, Меланија се одлучила за тесни бели панталони и палто во сино, црвена и бела боја, секако комбинирано со високи штикли.

Меланија каде и да се појави, никогаш не разочарува со модниот избор, па така и на последното појавување во Охајо со Доналд, каде беше облечена во кафено кожено здолниште, жолта ролка и жолт капут кој не остана незабележан.

Погледнете ги сите нејзини комбинации:

 М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Тоа е лажна Меланија“ - Меланија Трамп со Доналд на гласање во веќе виден фустан и очила за сонце н... „Таа личност што стои до Трамп и носи огромни очила НЕ изгледа како Меланија“, „...
Иванка Трамп (43) беше поим за отменост на инаугурацијата на Доналд - Ќерка ѝ е мала дама, копија на... Иванка Трамп, облечена во смаргден Dior аутфит беше поим за префинетост, а ...
Танцува со Доналд, дели насмевки: Меланија Трамп блесна на инаугурацискиот бал Меланија Трамп по моќното издание со шешир, на вечерниот бал уште еднаш направи ...
Се венчаа на 18 години, денес е во инвалидска количка: Која е првата сопруга на Меколи Калкин? Меколи Калкин и Рејчел Мајнер се венчаа на 18-годишна возраст. Поради возраста, ...
Немале секс пред бракот, не користат телефон во кревет – Необични факти за Џастин и Хејли Бибер Во една пригода Џастин откри дека не можат да си одолеат еден на друг кога се до...
Скандали од кои Меланија Трамп не може да избега: Работела „на црно“ кога дошла во САД, се фотографи... Поради заострените мерки на Доналд против нелегалните доселеници, јавноста повот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg