Настапите на Super Bowl 2018: Пинк ја испеа химната, Џастин Тимберлејк направи 13-минутен спектакл

52-то издание на Super Bowl во Минеаполис се одржа во неделата на 4-ти февруари, а покрај натпреварот, публиката имаше можност да ужива и во настапите на Пинк и Џастин Тимберлејк.

pink-so-odlichna-izvedba-na-himnata-a-justin-timberlake-so-spektakularen-nastap-na-super-bowl-2018-01.jpg

Пред да започне натпреварот помеѓу Philadelphia Eagles и New England Patriots, поп пејачката Пинк ја изведе националната химна.

И покрај тоа што неделата претходно се борела со грип, сепак таа успешно ја изврши нејзината задача.

Пинк на Инстаграм откри дека чекала да ја пее оваа песна уште од 1991-ва.

„Ова е најголемата чест во мојот живот, да ја пеам оваа песна пред моето семејство, моето воено семејство, мојот татко и брат и маќеа и семејството и светот.“

Погледнете како изгледаше изведба на химната од страна на Пинк (кликнете на линкот за да го видите видеото):

Легендарниот Џастин Тимберлејк пак, направи целосен спектакл и ја „запали“ сцената со неговиот настап на полуфиналето.

Тој го започна настапот со новата песна Filthy, а продолжи со уште неколку негови стари и одлични хитови, кои секако беа пропратени со многу танцување.

Тимберлејк му оддаде почит и на легендарниот Принц, а сцената и публиката беа обоени во виолетово, како и целиот роден град на Принц, Минеаполис.

Погледнете го целосниот 13-минутен настап на Џастин Тимберлејк (кликнете на линкот за да го видите видеото):

Фотки од настапот на легендарните Пинк и Џастин Тимберлејк:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Џастин Бибер мета на шеги за објавите по свадбата на Селена Гомез: „Ја изгуби, засекогаш“ Викендов Селена Гомез се омажи за Бени Бланко, а на Инстаграм, Џастин Бибер ја с...
Го напуштил во детството, се заканувал дека ќе го киднапира: Во каков однос е Џастин Бибер со татко ... Кога Џастин Бибер се родил, мајка му имала 17 години, а татко му едвај 18. Бидеј...
Го запроси среде трка, му ги исече гумите од автомобилот: Чудниот брак на Пинк и Кери Харт, кои се з... Иако се заедно две децении, Пинк и Кери Харт имаат навистина чуден брачен однос....
Чудниот брак на Вил и Џејда Пинкет Смит: Во емисија му кажа дека го изневери, живеат одвоено Џејда сподели дека со Вил се разделиле уште во 2016-та, но не сакале да се разве...
Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Скандалите од светот на шоу-бизнисот што ја одбележаа 2025-та Судската битка на Блејк Лајвли и Џастин Балдони, семејната драма на Бекамови и, ...

Најчитани неделава