Скандалите од светот на шоу-бизнисот што ја одбележаа 2025-та

Судската битка на Блејк Лајвли и Џастин Балдони, семејната драма на Бекамови и, секако, судењето на Пи Диди и потресните сведоштва на неговата поранешна девојка Кеси.

skandalite-od-svetot-na-shou-biznisot-shto-ja-odbelezhaa-2025-ta01.jpg

Годинава не недостасуваа драми од светот на шоу-бизнисот.

Можеби немаше многу разводи, афери и слични скандали, но затоа, пак, имаше тужби, обвиненија за насилство, но и славни личности кои загрижуваа со однесувањето.

Дел од скандалите што ја одбележаа 2025-та:

Судската битка на Блејк Лајвли и Џастин Балдони

Драмата меѓу Блејк Лајвли и режисерот Џастин Балдони почна кон крајот на минатата година, но дефинитивно ескалира во 2025-та.

Во декември 2024-та, Блејк поднесе тужба против Џастин во која тврдеше дека тој започнал кампања за да ѝ ја уништи кариерата. Причината била тоа што Блејк го обвинуваше Џастин за сексуално вознемирување на сетот на It Ends With Us.

Неколку месеци подоцна, Џастин поднесе контратужба против Блејк, но и нејзиниот сопруг Рајан Рејнолдс. Ги обвини за клевета, а побара и 400 милион долари од нив.

Тој исто така тврдеше дека Блејк го преправала сценариото на филмот и бил под притисок да ги прифати нејзините промени.

Во јуни, тужбата на Џастин беше отфрлена, но актерката и режисерот ќе одат на суд за тужбата на Блејк.

Судењето е закажано за првата половина на 2026-та.

skandalite-od-svetot-na-shou-biznisot-shto-ja-odbelezhaa-2025-ta-02.JPG

Обвиненијата на ќерката на Илон Маск

Познато е дека Вивијан, трансродовата ќерка на Илон Маск, е во лош однос со нејзиниот татко, најмногу поради нејзината транзиција.

Годинава, пак, таа тврдеше дека татко ѝ платил огромна сума за таа да биде родена како машко.

„Полот со којшто се родив беше купен. Па, кога бев женствено дете и потоа станав трансродова личност, бев спротивно од продуктот што го купил Илон.

Очекувањата да бидам мажествена, со кои се борев целиот живот, беа парична трансакција“, вели Вивиен во објава на социјалната мрежа Threads.

Таа тврдеше и дека татко ѝ е нарцисоидна личност која се грижи само за себе.

skandalite-od-svetot-na-shou-biznisot-shto-ja-odbelezhaa-2025-ta-03.JPG

Загрижувачката состојба н Бритни Спирс

Откако се ослободи од легалното старателство на татко ѝ, состојбата на Бритни како да се влошува.

Лани таа се разведе од Сем Ашгари, а годинава интензивно објавуваше вознемирувачки видеа – на повеќето танцува, но на дел ѝ се гледаат модринки, се гледа нејзиниот расфрлан дом, а и пејачката изгледа и запуштено.

На некои видеа ѝ се гледаат и разголените гради.

Бритни беше фотографирана и како вози пијана, а наводно веќе прекинала секаков контакт со блиските кои само сакале да ѝ помогнат.

„Кошмар е тоа што знаеме дека може да биде во опасност. А, нема апсолутно ништо што можеме да направиме за да ѝ помогнеме“, сподели извор близок до пејачката за Daily Mail.

skandalite-od-svetot-na-shou-biznisot-shto-ja-odbelezhaa-2025-ta-04.JPG

Разводот на Никол Кидман и Кит Урбан

Беше вистинско изненадување кога Никол Кидман поднесе барање за развод, најмногу бидејќи 20 години беше во брак со Кит Урбан. Актерката навела дека причина за разводот се „ненадминливи разлики“.

Никол и Кит се венчаа во 2006 година, а заедно имаат две деца.

Според изворите, актерката не сакала да се разделат и се борела да го спасат бракот, но штом Кит се иселил од нивниот дом, станало јасно дека е крај.

skandalite-od-svetot-na-shou-biznisot-shto-ja-odbelezhaa-2025-ta-05.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Била зависничка од дрога, денес има 73 години – Каде е и што прави Ивет од бразилската серија „Клон“... Во 1969-та била Мис Бразил, го изгубила старателството над синот заради зависнос...
На 12 години изгубил невиност со девојката на татко му, додека тој ги снимал - Скандалозниот живот н... „Во Њу Орлеанс запознав девојка која беше „јужњачка реинкарнација на Мерилин Мон...
Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Бившиот на Бритни Спирс со неверојатно тврдење: „Синовите се буделе ноќе, а таа стоела со нож пред н... „Понекогаш ќе се разбуделе ноќе и ќе ја виделе како тивко стои на прагот на нивн...
Го напуштил во детството, се заканувал дека ќе го киднапира: Во каков однос е Џастин Бибер со татко ... Кога Џастин Бибер се родил, мајка му имала 17 години, а татко му едвај 18. Бидеј...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...

Најчитани неделава