Скандалите од светот на шоу-бизнисот што ја одбележаа 2025-та

Загрижувачкото однесување на Џастин Бибер

Како Бритни Спирс, и однесувањето на Џастин Бибер годинава беше ставено „под лупа“.

Пејачот неколкупати беше снимен како се однесува чудно, па и бизарно во јавност, а и извори блиски до него тврдеа дека имаат сериозни проблеми со сопругата Хејли.

На некои фотки од пејачот се гледа и некаков бел прашок, за кој многумина сметаат дека е дрога.

Џастин има изјавено дека до 19-годишна возраст веќе користел дрога, но тврдеше дека престанал.

Во последно време се чини дека состојбата му се подобрува, исто како и бракот со Хејли.

skandalite-od-svetot-na-shou-biznisot-shto-ja-odbelezhaa-2025-ta-06.JPG

Драмата на Бекамови

Јавноста почна да ги забележува семејните проблеми на Бекамови откако Бруклин Бекам и сопругата Никола го прескокнаа 50-тиот роденден на Дејвид во мај.

Набрзо потоа се дозна дека Бруклин го влошил односот и со неговите браќа.

Уште се шпекулира за тоа како почнал раздорот, но наводно причината е влошениот однос меѓу Никола и Викторија.

Конфликтот меѓу нив почнал уште за време на свадбата на Бруклин и Никола.

Сепак, друг извор вели дека Бекамови, едноставно, не ја сакаат Никола и пробувале да изградат некаков однос со неа, но залудно.

skandalite-od-svetot-na-shou-biznisot-shto-ja-odbelezhaa-2025-ta-07.JPG

Обвиненијата за насилство на Дениз Ричардс против сопругот

Дениз Ричардс побара забрана за приближување за нејзиниот сопруг, откако го обвини за физичко и вербално насилство.

Во седумте години што се заедно, Дениз многупати била напаѓана од сопругот, а во една пригода дури и ѝ се заканувал дека ќе ја убие.

Таа сподели и вознемирувачки фотки на кои ѝ се гледаат модринки.

Во ноември, барањето за забраната за приближување ѝ беше одобрено.

skandalite-od-svetot-na-shou-biznisot-shto-ja-odbelezhaa-2025-ta-08.JPG

Судењето на Пи Диди

Скандалот што ја обележа годината е, секако, судењето на Пи Диди.

Познатиот музичар и продуцент беше обвинет за низа злодела, вклучително семејно насилство, присилна проституција и рекет.

Јавност будно го следеше судењето, а најболни беа сведоштвата на неговата поранешна девојка Кеси која не само што била жртва на семејно насилство, туку била и присилувана да учествува на развратните забави на музичарот.

И покрај потресните сведоштва, Пи Диди доби само четири години и два месеца во затвор. За најсериозните обвиненија, како присилна проституција, беше ослободен.

skandalite-od-svetot-na-shou-biznisot-shto-ja-odbelezhaa-2025-ta-09.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Била зависничка од дрога, денес има 73 години – Каде е и што прави Ивет од бразилската серија „Клон“... Во 1969-та била Мис Бразил, го изгубила старателството над синот заради зависнос...
На 12 години изгубил невиност со девојката на татко му, додека тој ги снимал - Скандалозниот живот н... „Во Њу Орлеанс запознав девојка која беше „јужњачка реинкарнација на Мерилин Мон...
Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Бившиот на Бритни Спирс со неверојатно тврдење: „Синовите се буделе ноќе, а таа стоела со нож пред н... „Понекогаш ќе се разбуделе ноќе и ќе ја виделе како тивко стои на прагот на нивн...
Го напуштил во детството, се заканувал дека ќе го киднапира: Во каков однос е Џастин Бибер со татко ... Кога Џастин Бибер се родил, мајка му имала 17 години, а татко му едвај 18. Бидеј...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...

Најчитани неделава